Blog

Над 305.000 граѓани имаат животно осигурување, вложиле 37 милиони евра

МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ

Вложувањата во осигурување живот пораснале за 14 отсто во 2022 година, а најголемо учество во нив имаат инвестициите во животно осигурување со штедна компонента кои изнесуваат 20,1 милиони евра. Истовремено вкупните исплати на осигурителите кон осигурениците пораснале за 18,5 отсто, изнесуваат 14,5 милиони евра и вклучуваат: доживување, прекин на осигурување или смрт на осигуреник. Петте друштва за осигурување живот се солидно капитализирани и минатата година ја завршија со вкупна актива вредна 187 милиони евра

Вложувањата во осигурување живот надминаа 2,27 милијарди денари (37 мил.евра). Овој сегмент на осигурителниот пазар лани пораснал за 14 отсто во споредба со претходната 2021 година, покажуваат официјалните податоци што ги доставиле петте компании за осигурување живот до Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО).

Заклучно со крајот на 2022 година во земјава животно осигурување имале 305.322 лица што е за речиси 45.000 лица односно 17 отсто повеќе во споредба со претходната година. Во истиот период бројот на активни договори надминал 171.000 и е зголемен за 7 отсто.

Во вкупното осигурување живот најголемо учество имаат вложувањата во осигурување со штедна компонента. Овој продукт овозможува осигуреникот по истек на договорот за осигурување да ги добие вложените средства зголемени со камата. Уплатите на осигурениците кои го имаат овој тип на осигурување се вложуваат во банкарски депозити во државни обврзници или други безризични финансиски инструменти. Вкупно во 2022 година во овој тип на осигурување граѓаните вложиле 1,236 милијарди денари (20,1 мил.евра)

Официјалните податоци на компанииите за осигурување живот покажуваат дека најголем раст на продажбата има животното осигурување кое нема штедна компонента.  Со него во случај на смрт, за времетраење на договорот, се исплаќа осигурена сума на член на семејството или на друг корисник на осигурувањето. Но доколку не се случи ризикот до истек на договорот за осигурување сите вложени средства ги задржува осигурителната компанија која го превзела ризикот да исплати средства во случај на смрт на осигуреното лице.

Вложувањата во ова осигурување лани достигнале 547 милиони денари (8,9 мил.евра) и тоа е за 56 отсто повеќе од претходната година. Бројот на лица кои го имаат ова осигурување надмина 243.000 што е 22 отсто повеќе во споредба со 2021 година.

Една од двете клучни причини за раст на продажбата за ризико осигурување е тоа што овој продукт се поврзува со банкарски кредити кои ги имаат  осигурениците.

Другиот катализатор на растот на бројот осигуреници кои имаат животно осигурување е мерката со која АСО им укажа на  друштвата за неживотно осигурување дека не смеат да преземаат во осигурување ризик од смрт поради болест во рамки на понудата на осигурувања од последици на несреќен случај (незгода).

Осигурувањето во кое ризикот од вложување на средствата го превзема осигуреникот е најновиот осигурителен продукт од палетата на животни осигурувања на нашиот пазар. Овој продукт е популарно познат како „јунит линкд“ осигурување. Кај ова осигурување значаен дел од парите се вложуваат во инвестициски фондови, избрани од осигурениците, чии пазарни цени зависат од движењата на регионални и глобални пазари на капитал. Во 2022 година над 13.600 осигуреници во овој продукт вложиле 494 милиони денари (8 мил.евра).

Животно осигурување продаваат пет осигурителни компании. Во продажбата на полиси лани „Кроација осигурување“ учествува со 31,7 отсто, „Граве“ со 22,1 отсто, „Винер лајф“ со 17,6 отсто, „Триглав осигурување – живот“ со 16,1 отсто и „Уника лајф„ со 12,5 отсто.

Компаниите за осигурување живот во 2022 годинава на осигурениците им исплатиле вкупно 705,2 милиони денари ( 11,5 мил.евра) односно 18,5 отсто повеќе средства од претходната година. Средствата се исплатени заради настаната смрт на осигуреник, доживување или за прекин на договор за осигурување со штедна компонента.

Петте друштва за осигурување живот имаат силно влијание на одржување на финансиската стабилност на осигурителниот пазар. Вкупната актива на овие компании на крај на минатата година изнесува 11,5 милијарди денари (187 мил.евра) што претставува 38 отсто од вкупната актива на сите 16 осигурителни компании.

АСО во рамки на своите надлежности се грижи да обезбеди проверка на усогласеноста на применетите деловни политики на вреднување на обврските, како и видовите на вложувања и вреднувањето на средствата на друштвата за осигурување. Друштвата за осигурување во континуитет се усогласени со овие законски барања.

Средствата од техничките резерви и од капиталот на друштвата за осигурување на живот се вложени во сигурни пласмани, со многу низок ризик од загуби и со солидни приноси.

Друштвата за осигурување на живот се солидно капитализирани, средствата од капиталот се од најквалитетни категории на извори на основен капитал, овозможувајќи им добра заштита од неизвесности и неочекувани ризици по континуитетот во работењето.

Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) е независно регулаторно тело кое го регулира пазарот за осигурување, врши надзор над работата на осигурителните субјекти, се грижи за заштита на правата на осигурениците и придонесува за финансиска едукација и вклученост на населението.




Доколку преземете содржина (статија или оглас) од ОСИГУРУВАЊЕМАГАЗИН задолжително наведете „Извор: ОСИГУРУВАЊЕМАГАЗИН“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено
Total
0
Shares
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Posts

ОДГОВОРНОСТА ЗА ЖИВОТ – И ПОТРЕБА И ОБВРСКА (ДЕЛ 2)

Автор: Предраг Милошевски, Извршен Директор на ПРВА ЖИВОТ

Животното осигурување е одлука за инвестирање во сопствениот живот, која не треба да се одложува. Но како почнало сè и како се развила свеста кај човекот дека треба да го осигура својот живот?

Човекот низ историјата развивал разни начини за животно осигурување. Од времето на вавилонскиот крал Хамураби па сè до денес, животното осигурување се развивало, но неговата суштина останала истата. Животното осигурување служи за да ги обезбеди лицата за кои корисникот на истото е одговорен, доколку нему му се случи да го загуби животот или не биде во можност да им пружи соодветна грижа.

Што значи тоа? Ние како човечки суштества имаме три основни вградени инстинкти: за преживување, за создавање потомство и за социјализација. Токму последниве два инстинкти нè тераат да основаме семејство. Со самото тоа, ние создаваме нов живот,  поточно деца кои до одредена возраст (законски 18 години, но суштински до 22-25) не се способни да се грижат сами за себе. 

Дополнително, до одредена возраст на децата, еден од родителите најчесто е принуден дел од своето време, наместо да го користи за професионален развој, да го жртвува за да се грижи за децата. Тоа е особено најизразено во општествата во развој, како нашето, каде што системските решенија се далеку од она што треба да бидат за родителите да можат слободно да се фокусираат на професионалната кариера. 

Сето ова доведува до најчести случаи каде што еден од родителите станува главен генератор на приходи. Со самото тоа, одговорноста кај него е најголема, а со тоа и ризикот доколку нему му се случи нешто непредвидено, било да се работи за губење на живот или заболување од тешка болест. 

И во двата случаи, семејството или ќе биде лишено од поголем дел од приходите или ќе се соочи со непредвидени трошоци за лекување и третмани. Во најголемиот број случаи, со оглед на нашиот менталитет и свеста (се разбира, и можноста) за штедење, семејствата немаат акумулирано речиси никакви заштеди; напротив имаат сериозни финансиски обврски. Во таква ситуација, остатокот од семејството се соочува со сериозни проблеми, покрај душевната болка која им е нанесена. 

Колку и да сме претпазливи, колку и да се грижиме за себе, постојат работи кои може да ни се случат без наша намера или желба. Секој од нас сака да верува дека ништо лошо нема да му се случи, ниту нему ниту на најблиските. Во нашиот менталитет, посебно е врежано и суеверието, па не сакаме да зборуваме на тема прерана смрт или болест, како ако не зборуваме за тоа, нема ни да се случи. Со сето тоа само стануваме понеодговорни кон оние за кои имаме и законска, а и морална одговорност. Тоа е нашето семејство, особено нашите деца, кои не одлучиле самите да се родат, туку ние сме ја донеле таа одлука, најмногу следејќи ги нашите инстинкти.

Сепак, иако сме дел од животинскиот свет, како луѓе сме развиле способност за рационално и за разумно расудување. А тоа значи дека треба да процениме дека сепак треба да се однесуваме одговорно. Да бидеме оптимисти дека сè ќе биде во ред и да живееме безгрижно, но и да ги обезбедиме најблиските доколку се случи нешто несакано, а со тешки последици. Ова не значи нарушување на животниот комфор и ускратување од значителен дел од тековните задоволства, туку значи одделување на минимален, симболичен дел од приходите, со што би се обезбедиле најблиските доколку нам ни се случи нешто од погоре наведеното. 

Токму тоа е и мисијата на ПРВА Живот, да ја подигне свеста кај населението за одговорноста која ја има секој што има семејство, свеста за сопственото здравје и последиците доколку тоа се наруши. Сакаме животното осигурување да го приближиме до самата суштина на неговото постоење, до основата поради која и настанало. Исто така, цел ни е и да го направиме достапно за поширок круг на луѓе, со различна висина на примања.

Животно осигурување е нешто што секој одговорен треба да го има, додека во исто време се надеваме дека на никој нема да му се случи ништо!

Предраг Милошевски, Извршен Директор на ПРВА ЖИВОТ

Потпишана Спогодба за присоединување на ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп Скопје, кон МАКЕДОНИЈА осигурување АД Скопје-Виена Иншуренс Груп

На ден 20.12.2023 година се потпиша Спогодба за присоединување со која ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп АД Скопје, како Друштво што се присоединува, се присоединува кон МАКЕДОНИЈА oсигурување АД Скопје – Виена Иншуренс Груп, како Друштво што презема, со универзален пренос на целокупниот имот и правата и обврските на ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп АД Скопје во замена за акции издадени од МАКЕДОНИЈА oсигурување АД Скопје – Виена Иншуренс Груп, во согласност со позитивното законодавство. По завршување на постапката за статусни промени ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп АД Скопје престанува да постои без ликвидација.

Осигурување

Осигурувањето е институција која ги надоместува штетите настанати во општеството, во стопанството и кај луѓето, како последица на деструктивните дејства на природните сили и несреќни случаеви.

Осигурувањето претставува аранжман со кој се врши распределба на ризици, каде една страна (осигурителното друштво) се обврзува дека ќе ја осигура другата страна (осигурениот) од евентуални загуби. Аранжманот се склучува во вид на договор т.е. полиса.

Осигурувањето претставува институција која ги надоместува настанатите штети во општеството, во неговото стопанство или кај луѓето, под дејство на природните сили или несреќни случаеви.

Осигурувањето претставува институција која ги надоместува настанатите штети во општеството, во неговото стопанство или кај луѓето, под дејство на природните сили или несреќни случаеви. Таа всушност ја обезбедува економската заштита на осигурениците (правни и физички лица) од штетните дејствија и економските растројства кои можат да дојдат кога ќе настане осигурен случај, односно кога ќе се реализира ризикот во сите фази на општествената репродукција или во секојдневието на луѓето.

Дефиниции на некои основни поими во осигурувањето

  • Премија за осигурување – ја претставува вкупната премија пресметана според соодветната тарифа од соодветната класа на осигурување со предвидените доплатоци и попусти. Според новиот закон за супервизија на 12 осигурувањето, член 78, став 1, тоа е премија за осигурување која се состои од техничка премија и дел на премијата за вршење на дејноста на осигурувањето.
  • Техничка премија – ја претставува премијата за извршување на функцијата- осигурување. Овој вид премија претставува дел од премијата наменет за исполнување на обврските од договорите за осигурување. – Полисирана премија- претставува премија која е наведена во полисите за осигурување и таа е еднаква на бруто -премијата за осигурување. – Фактурирана премија- ја претставува премијата што се фактурира на осигурениот.
  • Наплатена премија- претставува премија која е наплатена било да е фактурирана одеднаш да се плати или на дефинирани рати. Во категоријата наплатена премија влегува сета полисирана и фактурирана премија за која има обезбедени сигурни инструменти за наплата.
  • Технички резерви- техничките резерви претставуваат резерви во чиј состав влегуваат преносните премии и резервираните штети и тие не влегуваат во составот на гарантните резерви и резервите на сигурност. Техничките резерви претставуваат парични средства со кои осигурителните друштва работат и од кои ги намируваат своите обврски. Станува збор за збирен поим чиј опфат е различен од земја до земја. Според Законот за супервизија на осигурувањето во технички резерви спаѓаат:
    • 1. Резерви на преносни премии,
    • 2. Резерви за штети,
    • 3. Резерви за бонуси и попусти,
    • 4. Други технички резерви,
    • 5. Математичка резерва.

https://eprints.ugd.edu.mk/11827/1/Osiguruvamje_Fotov%20kniga.pdf

ВИЛМА УЧЕТА ДУЗЛЕВСКА НА НОВА МЕЃУНАРОДНА ПОЗИЦИЈА ВО РАМКИ НА ГРУПАЦИЈАТА ТРИГЛАВ

По петнаесетина години поминати во осигурителниот сектор во земјава, од кои дванаесет на главна извршна позиција, Вилма Учета Дузлевска заминува од кормилото на Триглав Осигурување Живот. Надзорнот Одбор на Триглав Осигурување со седиште во Република Хрватска ја назначи Учета Дузлевска за Претседател на Управниот Одбор, а позицијата ќе ја извршува по добивање на потребните согласности од страна на хрватските надлежни тела.

Учета Дузлевска е Генерален Директор на Триглав Осигурување Живот веќе трета година, започнувајќи од Октомври 2020 година. На таа позиција дојде после поминати три мандати во осигурителниот сектор на главна извршна позиција, во кои имаше клучна улога во развојот на животното осигурување на македонскиот осигурителен пазар. Компаниите под нејзино водство значително ја зголемија капиталната адекватност, пазариот удел, средствата под управување и профитабилноста. Таа имаше активна улога во динамичниот раст и развој на компаниите кои ги предводеше сите изминати години.

Триглав Осигурување Живот, под раководство на Учета Дузлевска, континуирано постигнува одлични резултати во сите сегменти од работењето. Благодарение на јасната визија, прецизната пазарна стратегија, посветеноста на клиентите и мотивацијата на вработените Триглав Осигурување Живот последните две години значително го зголеми своето пазарно учество, со што дополнително ја зацврсти својата позиција како една од водечките институции во земјата во доменот на банкоосигурувањето. Клиентската база е повеќекратно зголемена што и ја донесе на Компанијата лидерската позиција по бројот на продадени полиси, што заедно со повеќекратното зголемување на билансната сума, капиталот и профиталното работење ја прави оваа Компанија органски најбрзо растечка и прв избор на македонските граѓани во животното осигурување, последниве години.

Учета Дузлевска е добитник е на повеќе награди во земјава и странство за добри менаџмент практики и особени резултати во работењето. Таа е прогласена за еден од најуспешните бизнис лидери под 40 години на интернационалниот бренд “40 Under 40”. Од почетокот на 2023 година ја извршува позицијата Претседател на EWBC.

Триглав Осигурување со седиште во Република Хрватска е најголемата компанија ќерка на Заваровалница Триглав надвор од Република Словенија. Со седиште во Загреб, таа е композитна  Компанија која работи во доменот на неживотното и животното осигурување, присутна на хрватскиот осигурителен пазар веќе 56 години. Со својата долга традиција, таа делува на целата тероторија на Република Хрватска преку 8 подружници и повеќе од 70 продажни центри. Во 2022 година, оваа Компанија на своето конто забележа премија од преку 94 милиони евра, билансна сума од 197 милиони евра и капитална база од 25,8 милиони евра.

Кој ќе го води Триглав Осигурување Живот во следниот период?

Успешното работење на Триглав Осигурување Живот ќе го продолжи новоименуваната директорка Христина Џамбазовска Анастасов, која по добивање на потребните одобренија ќе ја преземе функцијата генерален директор.

Џамбазовска Анастасов доаѓа од редовите на Компанијата и поседува долгогодишно менаџерско искуство во осигурувањето. Под нејзино водство спроведени се значајни стратешки проекти во реструктуирање на Компанијата, а искуството во управување со осигурителните процеси и кадровите потенцијали ќе дадат значителен придонес во  идниот раст и развој на Компанијата.