Blog

Најдете одговор на следните прашањата пред да купите патничко осигурување

МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ

Пред да го склучите договорот за осигурување, секогаш прочитајте ги условите кои важат за ова осигурување.Поради конкуренцијата ова осигурување се разликува по цена и по услови во зависност од друштвото за осигурување кое го нуди патничкото осигурување.Разгледајте повеќе понуди пред да се одлучите кој тип на покритие ќе го обезбедите за Вашето патување.

  1. Дали вашата полиса покрива трошоци кои настанале поради потреба од итна медицинска помош поради претходна здравствена состојба?
  2. Доколку страдате ододредена болест која е контролиранасо соодветна терапија а во моментот состојбата е стабилна и Вие немате ограничувања да патувате,секогаш проверете дали Вашата полиса за патничко осигурување ги покрива трошоците кои би настанале во случај на потреба одитнамедицинскапомош?
  3. За кои земји важи Вашето патничко осигурување?
  4. Во зависност од патувањето и земјата во која патувате дали сите ризици се опфатени со покритието на патничкото осигурување?
  5. Дали има исклучоци кои не се покриени со осигурувањето (спортски повреди)?
  6. Дали имате учество во штета, односно франшиза? Колкав е нејзиниот износ?Дали може да се купи осигурување без франшиза?
  7. Која документација е потребна за да се пријави штета?Која е процедурата за пријава на штета?

Доколку преземете содржина (статија или оглас) од ОСИГУРУВАЊЕМАГАЗИН задолжително наведете „Извор: ОСИГУРУВАЊЕМАГАЗИН“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено
Total
0
Shares
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Posts

ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп АД Скопје објави известување за статусна промена – присоединување

Осигурителното друштво Винер-Виена Иншуренс Груп АД Скопје со претседател на Управен одбор Климе Попоски на 15.05.2023 објави известување за Статусна промена – присоединување, при што Акционерското друштво за осигурување ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп Скопје (како друштво што се присоединува) ќе се присоедини кон Акционерското друштво за осигурување и реосигурување МАКЕДОНИЈА Скопје – Виена Иншуренс Груп (како друштво што презема).

Известување за статусна промена – присоединување

Модернизација во осигурителната индустрија

Патеки кон трансформација

Осигурителната индустрија сè повеќе се потпира на дигиталната технологија за да развие производи, да ги процени штетите и што е најважно, да им обезбеди задоволство на клиентите.Ќе биде особено корисно за Вас да присуствувате на овој вебинар кој го организираме со цел да добиете појасна слика за она што може да ви биде од значење во секојдневното работење, и каде што ќе дискутираме за претстојните планови за обука.

Исто така, ќе видиме како ќе заштедите многу работни часови на изработка на динамични извештаи, што треба да знаете за да се заштитите од сајбер напади и други теми кои Вас како вработени во oсигурителната индустрија Ве интересираат. Меѓу другото, ќе имаме и можност да дознаеме кои модерни знаења и вештини им се потребни на вработените од осигурителните компании, а се во насока на остварување на полесна и побрза дигитална трансформација.

FREE Webinar

АГЕНДА
24 март, петок

13.00 – 13.30
Како заедно да одбереме вистински обуки за вас и вашите колеги?
Ирена Ивановска и Марко Серафимовски

13.30 – 14.15
Empowering Intelligent Insurance

Зоран Кимов

14.15 – 14.30
Дискусија | Прашања и одговори

Животно осигурување со штедење – начин за сигурна иднина

Финансиската сигурност и штедењето се особено важни за соочување со сите предизвици кои ги носи современиот начин на живот, како и во време на зголемена несигурност поради политички и економски кризи. Инвестирањето во инвестициски фондови носи зголемен ризик бидејќи вредноста на уделите зависи директно од движењето на финансиските пазари и нема никаква гаранција за добивки или загуби. Поради тоа, граѓаните сѐ почесто избираат животно осигурување како начин на штедење, со што обезбедуваат дополнителна заштеда, како и заштита и сигурност за своите најблиски.

Склучувањето на полиса за животно осигурување е долгорочна одлука која претставува финансиска заштита и обезбедување на сите оние кои зависат од осигуреникот, но една од најатрактивните опции на пазарот е животното осигурување со штедење, кое нуди акумулирање на средствата, односно еден вид на заштеда. Имено, освен осигурената сума во случај на смрт, оваа можност нуди и исплата на загарантирана осигурена сума во случај на доживување.

Триглав Осигурување Живот нуди одлична можност за осигурување на животот со штедење и има бројни предности кои овозможуваат финансиска безбедност за најблиските во случај на несакани животни ситуации. Овој производ е комбинација на штедење и осигурување во случај на смрт од болест или несреќа, кој покрај полисата за животно осигурување ја гарантира и сигурноста на вложените пари. По истекување на осигурителниот период, осигуреникот ги добива средствата во износот кој е договорен при склучување на полисата, а истовремено неговиот живот е осигуран, со што неговите најблиски се финансиски заштитени.

Со овој тип на осигурување може да се осигураат сите лица од 14 до 65 години со минимална премија од 15 евра, на период од 5 до 25 години, во зависност од желбите и индивидуалните потреби на клиентите. Покрај основното осигурување, нуди и дополнително покритие од тешки болести и повреди, а опфаќа заштита од 23 тешки болести и повреди. Истовремено, со овој производ се осигурани и децата на осигуреникот на возраст од 3 до 18 години.

Со склучување на полиса, клиентите добиваат можност за бесплатно второ медицинско мислење од високореномирани здравствени установи.

Повеќе информации на:

 02 5102-201

info@triglavzivot.mk

Триглав Осигурување Животза живот со насмевка!

ГЛОБАЛЕН ДЕН НА ПОТРОШУВАЧОТ 15 МАРТ, ОСИГУРЕНИКОТ СЕКОГАШ НА ПРВО МЕСТО

Заштитата на правата на осигурениците секогаш бил, е и ќе остане да биде врвен приоритет на Агенцијата за супервизија на осигурување. Нашата максима е дека осигуренкот секогаш треба да ја добие најдобрата осигурителна услуга за средствата што ги вложува без разлика дали станува збор за осигурување живот, имот, здравје, незгода, автоодговорност, патување или други потреби.

И затоа секогаш вас, почитувани осигуреници, ве потсетуваме едуцирајте се! Ние сме тука за вас, а на нашата веб платформа www.edukacija.aso.mk секогаш има корисни и јавно достапни содржини кои ќе ги продлабочат вашите знаења за тоа какво осигурување ви е потребно и што е неопходно да знаете пред да купите осигурителна услуга.

Воедно ние како регулатори на осигурителниот пазар, кои се грижат за заштита на вашите права преку едукација, секогаш сме тука за вашите прашања во врска осигурувањето на мејл адресата contact@aso.mk

Во оваа прилика уште еднаш потенцираме дека Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) се грижи за вашите права од осигурување и преку директно и непосредно постапување по ваш претставки. А претставка до АСО се поднесува ако осигуреникот не е задоволен од одговорот на осигурителната компанија за оштетното побарување или не добил одговор во рок од 30 дена. АСО не разледува анонимни претставки или случаи за кои се води судска или друга постапка.

Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) е независно регулаторно тело кое го регулира пазарот за осигурување, врши надзор над работата на осигурителните субјекти, се грижи за заштита на правата на осигурениците и придонесува за финансиска едукација и вклученост на населението.