Blog

Сопствениците на возила, во првата половина од годинава, вложиле 43,1 милиони евра во задолжително oсигурување од автомобилска одговорност како и во зелена карта. 

МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ

Осигурани над 350.000 возила за половина година, секое трето возило има зелена карта

Во осигурувањето за возење во странство (популарно познато како зелена карта)  граѓаните и компаниите вложиле 10,2 милиони евра за шест месеци. Сите цени за задолжителното автомобилско осигурување и за зелена карта ги регулира државата. АСО, Министерството за финансии и осигурителната индустрија работат на подготовките на процесот за либерализација на цените на автомобилското осигурување што е и еден од условите во пристапните преговори за членство во ЕУ

Граѓани, компании и институции осигурале речиси 351.000 возила (патнички и товарни возила, автобуси, моторцикли, трактори, приколки и специјални возила) во периодот јануари – јуни годинава. Вкупниот број возила за кои сопствениците купиле полиси за задолжително осигурување од автомобилска одговорност во 2023 година е зголемен за 6,3 отсто во споредба со 2022 година, покажуваат прелиминарните податоци кои до Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) ги достави Националното биро за осигурување (НБО).

Сите 12 осигурителни компании во првите шест месеци издале над 468.000 полиси за осигурување (ЗАО и зелена карта) и за превземањето на ризиците наплатиле 2,65 милијарди денари (43,1 мил.евра). Податоците на НБО покажуваат дека бизнисот со осигурување од автомобилска одговорност во првата половина годинава пораснал за 6 отсто во споредба со истиот период 2023 година. 

Секое трето осигурано возило има и зелен картон – осигурување кое овозможува возење во странство. Во првите шест месеци сите 12 осигурителни компании издале повеќе од 117.000 зелени карти. Бројот на издадени зелени карти лани е за нијанса , односно за 2 отсто, помал од бројот на издадени зелени карти во истиот период лани. Но од друга страна вложувањата во зелена карта годинава се за 4,5 отсто повисоки од истиот период лани. 

Зелената карта е осигурување кое служи за обештетување на трети лица доколку се случи сообраќајна незгода или несреќа во странство. Специфика на зелената карта е тоа што во некои земји нема утврдена максимална сума за човечки жртви во сообраќајна несреќа. Во таков случај осигурителната компанија што ја издала зелената карта ќе исплати износ без ограничување. 

Само за споредба граѓани, компаниите и институциите за цела 2023 година купиле вкупно 958.528 полиси за осигурување возила во земјава и во странство. Во  осигурување од автомобилска одговорност (за возење во земјава и во странство) во 2023 година се вложени 5,33 милијарди денари (86,75 мил.евра). 

НБО е организација основана од осигурителните компании која има законски овластувања да ги врши работите предвидени со меѓународните спогодби за осигурување на сопствениците и корисниците на моторни возила од одговорност во сообраќајот. Воедно НБО ги претставува сите македонски компании за неживотно осигурување во меѓународните организации и институции за осигурување.

Во Македонија законски задолжителното осигурување од автомобилска одговорност и зелената карта  имаат регулирани цени кои ги утврдува и контролира Владата преку надлежна стручна интересорна комисија во која членуваат претставници на Министерството за финансии, НБО и на АСО.

Извор:ASO




Доколку преземете содржина (статија или оглас) од ОСИГУРУВАЊЕМАГАЗИН задолжително наведете „Извор: ОСИГУРУВАЊЕМАГАЗИН“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено
Total
0
Shares
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Posts

ОДГОВОРНОСТА ЗА ЖИВОТ – ВПИШАНА ВО КОДОТ НА ХАМУРАБИ (ДЕЛ 1)

Автор: Предраг Милошевски, Извршен Директор на ПРВА ЖИВОТ

Животното осигурување е одлука за инвестирање во сопствениот живот, која не треба да се одложува. Но како почнало сè и како се развила свеста кај човекот дека треба да го осигура својот живот?

Мотивите и потребите на нашите осигуреници, како и нивните можности се многу разновидни, но она што првично се издвојува како суштинска потреба е желбата да обезбедиме сигурност и заштита за себе и за нашите семејства. Полисата за животно осигурување е финансиска заштита во случај на немил настан, за нас самите или за членовите на нашето семејство.

Почетоците на животното осигурување датираат уште од антиката, дури во вториот милениум пред нашата ера. Имено, првиот напишан закон на вавилонскиот крал Хамураби содржи делови кои се смета дека се однесувале на регулирање на одреден вид на животно осигурување.

Сепак, првите конкретни докази и елементи на животно осигурување се појавуваат во антички Рим, во вториот век пред нашата ера, во форма на т.н. солидарни клубови, каде што војниците уплаќале месечни или годишни премии, со цел доколку го загубат животот, трошоците за нивниот погреб да не паднат на товар на нивните семејства. Според верувањата на Римјаните, доколку немаат соодветен погреб, немало да имаат ни соодветен задгробен живот. Но, овие практики се губат со падот на Западното римско царство.

Животното осигурување повторно се појавува во средниот век, во форма на осигурување на трговците кои се занимавале со прекуморска трговија, a првата официјална полиса за животно осигурување била издадена во Лондон, во 1583 година. Сепак, сè уште не постоеле соодветни алатки за проценка на ризикот и многу од тогашните осигурители банкротирале.

Во 1693 година, британскиот астроном и математичар Едмунд Халеј (познат по Халеевата комета) прв почнал да користи статистички податоци за родени и починати лица при пресметка на доживотни ануитети, што подоцна довело до развивање на таблиците на смртност, како и до нивна примена во животното осигурување.

Набргу потоа се појавуваат и првите компании за животно осигурување, пред сè во Англија и во Соединетите Американски Држави. Со текот на времето се развиваат алатки кои ги користат статистичките податоци за раѓање и смртност и со помош на нив развиваат модели за проценка на ризикот во животното осигурување.

Од тогаш, па сè до денес, иако постојано се модернизира, користи сè пософистицирани модели на пресметка и сè понови технологии, суштината на животното осигурување е непроменета. Животното осигурување служи за да ги обезбеди лицата за кои корисникот на истото е одговорен, доколку нему му се случи да го загуби животот или не биде во можност да им пружи соодветна грижа.

Заеднички настан на Стопанската комора на Северна Македонија и Институтот на овластени ревизори на РСМ

Стопанската комора на Северна Македонија заедно со Институтот на овластени ревизори на РСМ (ИОРРСМ) организираа настан за континуирано професионално усовршување (КПУ) со теми од областа на осигурувањето за овластените ревизори.

Настанот се одржа на 22 јуни 2023 година во просториите на Стопанската комора на Северна Македонија како хибриден настан, со физичко или он-лајн присуство. На настанот присуствуваа 138 учесници.


Настанот го отвори д-р Оливера Клинчарова, претседател на Асоцијацијата на осигурителни брокерски друштва при Стопанската комора на Северна Македонија, која е формирана во 2011 година. Асоцијацијата на осигурителните брокерски друштва се залага за унапредување на осигурувањето, зајакнување на соработката помеѓу финансиските институции кои вршат осигурување – осигурителни посредници и банките како еден дистрибутивен канал, а се во насока на зајакнување на довербата која е клучна за развој на финансискиот сектор. 

Асоцијацијата е активно вклучена во проектите за унапредувањето на финансиска писменост и инклузија.  Овој настан е во насока на развивање на свеста за потребата од заштита на животите и имотите на населението и компаниите, како и за продлабочување на знаењето за различни аспекти на осигурувањето.      


Во тој контекст, програмата на настанот опфаќаше повеќе актуелни теми од областа на осигурувањето и тоа одржливо осигурување и нефинансиско известување (ESG), практични аспекти на осигурувањето, како и финансиско известување на друштвата за осигурување и улогата на ревизорите согласно регулаторните барања за финансиско известување и ревизија на друштвата за осигурување.

Предавачи на настанот беа: 

–    проф. д-р. Климе Попоски, Универзитет Св. Климент Охридски, катедра за осигурување и Претседател на Управен Одбор на ВИНЕР – ВИЕНА ИНШУРЕНС ГРУП АД СКОПЈЕ
–    Ксенија Денчиќ – Михајлов, Универзитет Ниш, Економски факултет Ниш и Centre for Scientific, Interdisciplinary Risk Management and Sustainability, Ostfalia University of Applied Sciences, Germany
–    д-р Оливера Клинчарова, претседател на Асоцијацијата на осигурителни брокерски друштва при Стопанска комора на Северна Македонија
–    м-р Коста Спасески, генерален советник за стратешко планирање и управување со квалитет, Агенција за супервизија на осигурувањето 

ОДГОВОРНОСТА ЗА ЖИВОТ – И ПОТРЕБА И ОБВРСКА (ДЕЛ 2)

Автор: Предраг Милошевски, Извршен Директор на ПРВА ЖИВОТ

Животното осигурување е одлука за инвестирање во сопствениот живот, која не треба да се одложува. Но како почнало сè и како се развила свеста кај човекот дека треба да го осигура својот живот?

Човекот низ историјата развивал разни начини за животно осигурување. Од времето на вавилонскиот крал Хамураби па сè до денес, животното осигурување се развивало, но неговата суштина останала истата. Животното осигурување служи за да ги обезбеди лицата за кои корисникот на истото е одговорен, доколку нему му се случи да го загуби животот или не биде во можност да им пружи соодветна грижа.

Што значи тоа? Ние како човечки суштества имаме три основни вградени инстинкти: за преживување, за создавање потомство и за социјализација. Токму последниве два инстинкти нè тераат да основаме семејство. Со самото тоа, ние создаваме нов живот,  поточно деца кои до одредена возраст (законски 18 години, но суштински до 22-25) не се способни да се грижат сами за себе. 

Дополнително, до одредена возраст на децата, еден од родителите најчесто е принуден дел од своето време, наместо да го користи за професионален развој, да го жртвува за да се грижи за децата. Тоа е особено најизразено во општествата во развој, како нашето, каде што системските решенија се далеку од она што треба да бидат за родителите да можат слободно да се фокусираат на професионалната кариера. 

Сето ова доведува до најчести случаи каде што еден од родителите станува главен генератор на приходи. Со самото тоа, одговорноста кај него е најголема, а со тоа и ризикот доколку нему му се случи нешто непредвидено, било да се работи за губење на живот или заболување од тешка болест. 

И во двата случаи, семејството или ќе биде лишено од поголем дел од приходите или ќе се соочи со непредвидени трошоци за лекување и третмани. Во најголемиот број случаи, со оглед на нашиот менталитет и свеста (се разбира, и можноста) за штедење, семејствата немаат акумулирано речиси никакви заштеди; напротив имаат сериозни финансиски обврски. Во таква ситуација, остатокот од семејството се соочува со сериозни проблеми, покрај душевната болка која им е нанесена. 

Колку и да сме претпазливи, колку и да се грижиме за себе, постојат работи кои може да ни се случат без наша намера или желба. Секој од нас сака да верува дека ништо лошо нема да му се случи, ниту нему ниту на најблиските. Во нашиот менталитет, посебно е врежано и суеверието, па не сакаме да зборуваме на тема прерана смрт или болест, како ако не зборуваме за тоа, нема ни да се случи. Со сето тоа само стануваме понеодговорни кон оние за кои имаме и законска, а и морална одговорност. Тоа е нашето семејство, особено нашите деца, кои не одлучиле самите да се родат, туку ние сме ја донеле таа одлука, најмногу следејќи ги нашите инстинкти.

Сепак, иако сме дел од животинскиот свет, како луѓе сме развиле способност за рационално и за разумно расудување. А тоа значи дека треба да процениме дека сепак треба да се однесуваме одговорно. Да бидеме оптимисти дека сè ќе биде во ред и да живееме безгрижно, но и да ги обезбедиме најблиските доколку се случи нешто несакано, а со тешки последици. Ова не значи нарушување на животниот комфор и ускратување од значителен дел од тековните задоволства, туку значи одделување на минимален, симболичен дел од приходите, со што би се обезбедиле најблиските доколку нам ни се случи нешто од погоре наведеното. 

Токму тоа е и мисијата на ПРВА Живот, да ја подигне свеста кај населението за одговорноста која ја има секој што има семејство, свеста за сопственото здравје и последиците доколку тоа се наруши. Сакаме животното осигурување да го приближиме до самата суштина на неговото постоење, до основата поради која и настанало. Исто така, цел ни е и да го направиме достапно за поширок круг на луѓе, со различна висина на примања.

Животно осигурување е нешто што секој одговорен треба да го има, додека во исто време се надеваме дека на никој нема да му се случи ништо!

Предраг Милошевски, Извршен Директор на ПРВА ЖИВОТ

Осигурувањето не е луксуз ниту трошок, осигурувањето е потреба која обезбедува финансиска сигурност и материјална благосостојба за вас и за вашите најмили. 

Агенцијата за супервизија  на осигурување (АСО) и годинава активно се приклучува во глобалната акција за подигнување на свесноста на населението за потребата од  осигурување, во рамки на Глобалната недела на парите

За вас, почитувани читатели, ценети сограѓани и сограѓанки, актуелни и потенцијални осигуреници подготвивме бројни и богати едукативни содржини кои ќе ви помогнат да ги надградите вашите познавања за осигурувањето. 

Осигурувањето не е луксуз ниту трошок, осигурувањето е потреба која обезбедува финансиска сигурност и материјална благосостојба за вас и за вашите најмили. Затоа низ поучни и лесно разбирливи едукативни содржини научете зошто ви е потребно осигурувањето за вас и вашите најблиски.

Во седмицата што е пред нас, во рамки на Глобаалната недела на парите која се одржува под мотото „Заштити ги своите пари, осигурај ја својата иднина“, ќе споделуваме повеќе едукативно-информативни содржини кои ќе придонесат за зајакнување на свесноста за потребата од осигурување, за вашите права како осигуреници и за тоа како да одберете осигурување согласно  вашите потреби. По иницијатива на АСО, во овој глобален настан активно и масовно се вклучуваат и субјектите од осигурителната индустрија односно осигурителните компании и осигуртелно-брокерските друштва.

За повеќе да се информирате посетете го нашиот едукативен сајт www.edukacija.aso.mk.

Повелете, приклучете се и проширете ги своите знаења од областа на осигурувањето.