Blog

Бројот на осигурани возила достигна 700.000, секое трето возило има зелена карта

МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ

Сопствениците на возила во 2023 година вложиле 87 милиони евра во oсигурување од автомобилска одговорност. Во вкупните вложувања зелената карта учествува со 21 милиони евра. Сите цени за задолжителното автомобилско осигурување и за зелена карта ги регулира државата. АСО, Министерството за финансии и осигурителната индустрија работат на подготовките на процесот за либерализација на цените што е и еден од условите во пристапните преговори за членство во ЕУ

Граѓани, компании и институции осигурале повеќе од 697.700 возила (патнички и товарни возила, автобуси, моторцикли, трактори, приколки и специјални возила) во 2023 година. Вкупниот број на возила за кои сопствениците купиле полиси за задолжително осигурување од автомобилска одговорност во 2023 година е зголемен за 5 отсто во споредба со 2022 година, покажуваат прелиминарните податоци кои до Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) ги достави Националното биро за осигурување (НБО).

Секое трето осигурано возило имало и зелен картон за патување во странство, покажуваат податоците. Во текот на 2023 година сите 11 осигурителни компании издале 260.815 зелени карти – осигурување неопходно за возење во странство. Бројот на издадени зелени карти лани е зголемен за речиси 20.000 односно 8 отсто повеќе од 2022 година. Осигурениците во зелени карти во 2023 година вложиле 1,3 милијарди денари (21,16 мил.евра). 

Зелената карта е осигурување кое служи за обештетување на трети лица доколку се случи сообраќајна незгода или несреќа во странство. Специфика на зелената карта е тоа што во некои земји нема утврдена масимална сума за човечки жртви во сообраќајна несреќа. Во таков случај осигурителната компанија што ја издала зелената карта ќе исплати износ без ограничување. 

Податоците добиени од НБО покажуваат дека граѓаните, компаниите и институциите лани купиле вкупно 958.528 полиси за осигурување возила во земјава и во странство. Во  осигурување од автомобилска одговорност (за возење во земјава и во странство) во 2023 година се вложени 5,33 милијарди денари (86,75 мил.евра). 

Бројот на издадени полиси за автомобилско осигурување за во земјава и во странство лани во однос на 2022 година е зголемен за 6 отсто, а нивната вкупна вредност е поголема за 6,5 отсто, покажуваат податоците на НБО.

НБО има законски овластувања да ги врши работите предвидени со меѓународните спогодби за осигурување на сопствениците и корисниците на моторни возила од одговорност во сообраќајот. НБО ги претставува сите македонски компании за неживотно осигурување во меѓународните организации и институции за осигурување.

Во Македонија законски задолжителното осигурување од автомобилска одговорност и зелената карта  имаат регулирани цени кои ги утврдува и контролира  Владата преку надлежна стручна интересорна комисија.  

Во 2023 година во продажбата на задолжително автомобилско осигурување и зелена карта „Македонија осигурување“ учествувала со 4,8 отсто, „Кроација осигурување – неживот“ со 9,9 отсто, „Уника“ со 14,6 отсто, „Триглав осигурување“ со 8,8 отсто, а „Сава осигурување“ со 9 отсто. Од вкупната продажба на ова задолжително осигурување на „Винер ВИГ“ отпаѓа 13,4 отсто, на „Еуролинк“ 8,4 отсто, „Граве“ 8,8 отсто, „Халк Осигурување“ учествува со 6,4 отсто и „Осигурителна полиса“ со 9,5 отсто.    

Извор: АСО




Доколку преземете содржина (статија или оглас) од ОСИГУРУВАЊЕМАГАЗИН задолжително наведете „Извор: ОСИГУРУВАЊЕМАГАЗИН“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено
Total
0
Shares
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Posts

Заеднички настан на Стопанската комора на Северна Македонија и Институтот на овластени ревизори на РСМ

Стопанската комора на Северна Македонија заедно со Институтот на овластени ревизори на РСМ (ИОРРСМ) организираа настан за континуирано професионално усовршување (КПУ) со теми од областа на осигурувањето за овластените ревизори.

Настанот се одржа на 22 јуни 2023 година во просториите на Стопанската комора на Северна Македонија како хибриден настан, со физичко или он-лајн присуство. На настанот присуствуваа 138 учесници.


Настанот го отвори д-р Оливера Клинчарова, претседател на Асоцијацијата на осигурителни брокерски друштва при Стопанската комора на Северна Македонија, која е формирана во 2011 година. Асоцијацијата на осигурителните брокерски друштва се залага за унапредување на осигурувањето, зајакнување на соработката помеѓу финансиските институции кои вршат осигурување – осигурителни посредници и банките како еден дистрибутивен канал, а се во насока на зајакнување на довербата која е клучна за развој на финансискиот сектор. 

Асоцијацијата е активно вклучена во проектите за унапредувањето на финансиска писменост и инклузија.  Овој настан е во насока на развивање на свеста за потребата од заштита на животите и имотите на населението и компаниите, како и за продлабочување на знаењето за различни аспекти на осигурувањето.      


Во тој контекст, програмата на настанот опфаќаше повеќе актуелни теми од областа на осигурувањето и тоа одржливо осигурување и нефинансиско известување (ESG), практични аспекти на осигурувањето, како и финансиско известување на друштвата за осигурување и улогата на ревизорите согласно регулаторните барања за финансиско известување и ревизија на друштвата за осигурување.

Предавачи на настанот беа: 

–    проф. д-р. Климе Попоски, Универзитет Св. Климент Охридски, катедра за осигурување и Претседател на Управен Одбор на ВИНЕР – ВИЕНА ИНШУРЕНС ГРУП АД СКОПЈЕ
–    Ксенија Денчиќ – Михајлов, Универзитет Ниш, Економски факултет Ниш и Centre for Scientific, Interdisciplinary Risk Management and Sustainability, Ostfalia University of Applied Sciences, Germany
–    д-р Оливера Клинчарова, претседател на Асоцијацијата на осигурителни брокерски друштва при Стопанска комора на Северна Македонија
–    м-р Коста Спасески, генерален советник за стратешко планирање и управување со квалитет, Агенција за супервизија на осигурувањето 

Потпишана Спогодба за присоединување на ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп Скопје, кон МАКЕДОНИЈА осигурување АД Скопје-Виена Иншуренс Груп

На ден 20.12.2023 година се потпиша Спогодба за присоединување со која ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп АД Скопје, како Друштво што се присоединува, се присоединува кон МАКЕДОНИЈА oсигурување АД Скопје – Виена Иншуренс Груп, како Друштво што презема, со универзален пренос на целокупниот имот и правата и обврските на ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп АД Скопје во замена за акции издадени од МАКЕДОНИЈА oсигурување АД Скопје – Виена Иншуренс Груп, во согласност со позитивното законодавство. По завршување на постапката за статусни промени ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп АД Скопје престанува да постои без ликвидација.

14 НОВИ АКТУАРИ – Врвни математичари кои успешно завршија двегодишна обука,ќе ја зајакнат осигурителната индустрија

Актуарот  е висококвалификуван математичар со солидни познавања на економијата и е релативно редок стручен профил за кој има потреба особено сегментот на осигурувањето и пензиските фондови. На нашиот финансиски пазар овој висок стручен профил се уште е дефицитарен. Токму заради зголемувањето на бројот на актуари во осигурителната индустрија актуелниот менаџмент на АСО во периодот од 2021 до 2024 година организира два едукативни циклуси за актуари, а првиот од нив успешно го завршија 14 кандидати. За тоа колку е ценета професијата актуар во глобалниот свет на финансиите говори фактот што во изминативе две децении овој профил секогаш, без исклучок, е меѓу најпосакуваните и најдобро платените 20 професии

Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) издаде уверенија за успешно завршена обука на 14 лица – врвни математичари кои успешно ја завршија двегодишната обука и ги положија сите 15 стручни предмети. Нивната суб-специјалност е да креираат математички модели за проценка и управување со ризиците кои ги превземаат осигурителните компании. Обуката за звање овластен актуар траеше две години, а започна во 2021 година.

Овие лице во период од 2 години успешно ги положија испитите: веројатност и статистика, финансиска математика, схоластичко моделирање, актуарска математика, економија, неживотно осигурување, осигурување живот, модели на доживување, економија, инвестиции и управување со средства, здравствено осигурување, пензиско осигурување, сметководство во осигурувањето, регулатива и етика.

По тој повод Крсте Шајноски, претседател на Советот на експерти на АСО при доделувањето на уверенијата на актуарите истакна:

-Воопшто  не беше мала работа, после пауза од 7  години да се организира и успешно спроведе обука за актуари на потребното ниво на квалитет кое ќе ги задоволи стандардите која ова професија ги бара. Се работи за голема садисфакција, затоа што на финансискиот пазар обезбедуваме исклучително потребен,  а редок, значаен субспецијализиран кадар кој има капацитет и знаење активно да помогне во подигањето на квалитетот во работата на нашата осигурителна индустрија и во крајна линија да придонесе во растот и развојот на осигурувањето.

Актуелниот менаџмент на АСО во овој мандат организира две обуки за актуари од кои едната заврши успешно со промоција на 14 лица во актуари, а другата е во тек и треба да заврши идната година. Последна претходна обука и стручен испит за актуари имало во периодот 2014 – 2016 година.

Актуарите се стручњаците во осигурителни компании и во друштвата кои управуваат со пензиски фондови и тие се специјализирани да создаваат математички модели за проценка и управување со ризиците кои ги осигуруваат компаниите. Колку е ценета нивната работа докажува тоа што во последниве две децении на глобално ниво оваа професија секогаш без исклучок е меѓу најпосакуваните 20 професии глобално.

Што се однесува до процесот на едукација за актуар значајно е да се истакне дека бара претходни солидни познавања од математика, статистика, веројатност и демографија и дека процесот  на обука и полагање стручни испити трае околу две години. Во Македонија има трисетина актуари. Тие имаат свое здружение кое се вика „Актуар“ и е дел од глобалната мрежа на овие професионалци. АСО води и официјален регистар на овластени актуари достапен на следниот линк https://aso.mk/registar-na-aktuari/

Основната дејност на друштвата за осигурување е да покриваат различни видови ризици (во дејностите на неживотно и на животно осигурување). Тоа наједноставно кажано значи дека актуарите се носители на основните бизнис процеси особено во осигурителните компании. Затоа што тие треба да развијат математички модели кои ќе ги предвидуваат можните ризици врз основа на што пак менаџерските тимови на компаниите ќе ги поставуваат и ќе ги спроведуваат бизнис стратегиите на компаниите. Основата на целиот осигурителен бизнис е содржана во моделите кои ги создаваат актуарите.

Над 278.000 граѓани го осигурале животот

Бројот на граѓани кои го осигурале својот живот според најновите податоци надмина 15 отсто од целото население, согласно со податоците од последниот попис спроведен лани. Од сите осигуреници 82 отсто имаат полиси со кои е осигурана смртта, но средствата не се враќаат на осигуреникот доколку ризикот не се случи. Другите 18 отсто вложуваат во осигурување живот со штедна компонента кое овозможува да ги добијат парите со одредена добивка по истекот на договорот за осигурување живот

 Вкупните вложувања на граѓаните во животно осигурување во првите шест месеци годинава надминаа 1 милијарда денари (17,3 мил.евра) и тоа е за 17 отсто повеќе од истиот период претходната година. Од почетокот на годинава па до крајот на јуни склучени се над 34.000 договори за осигурување што е за 24,5 отсто повеќе во однос на претходната година, а полиси за осигурување живот имаат повеќе од 278.000 граѓани, покажуваат официјалните податоци на Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО).

Од вкупниот број полиси дури 229.000 се за таканаречено ризико осигурување. Кај овој тип осигурување во случај на смрт се исплаќа осигурена сума на член на семејството, сопружник или друг корисник на осигурувањето. Но доколку не се случи ризикот до истек на договорот за осигурување сите вложени средства ги задржува осигурителната компанија. Бројот на граѓани кои имаат ризико осигурување пораснал за нешто повеќе од 29.000 во првите шест месеци годинава.

Од сите договори за осигурување живот над 45.000 се со штедна компонента . Овој продукт овозможува осигуреникот по истек на договорот за осигурување да ги добие вложените средства со камата. Уплатите на осигурениците кои го имаат овој тип на осигурување се вложуваат во банкарски депозити во државни обврзници или други безризични финансиски инструменти.

Најновиот осигурителен продукт од палетата на животни осигурувања на нашиот пазар е популарно нареченото „јунит линкд“ осигурување. Кај овој осигурителен производ ризикот од инвестирањето е на товар на осигуреникот, а дел од парите се вложуваат во инвестициски фондови чии пазарни цени зависат од движењата на регионални и глобални пазари на капитал. Во овој тип на осигурување има над 11.600 полиси.

Петте компании за осигурување живот во првите шест месеци годинава исплатиле вкупно 345 милиони денари (5,6 мил.евра) на своите осигуреници по основ на доживување, раскинати договори или по основ на ризик смрт.