Sample Page

  • Што е важно пред да купите полиса за осигурување на живот?Што е важно пред да купите полиса за осигурување на живот?November 30, 2023Осигурувањето на живот е покритие со кое осигурителот се обврзува, на осигуреникот/корисникот на осигурување, врз основа на платените премии на осигурување, да му ја исплати осигурената сума во случај на смрт, односно доживување. Изберете го видот на осигурување на живот кој најдобро ќе одговара на Вашите потреби и можности; Дефинирајте ја временската рамка на траење на осигурувањето.Времетраењето на полисата за осигурување зависи пред сè од Вашата волја; Бидете сигурни дека со Вашите примања ќе бидете во можност редовно да ја плаќате договорената премија за осигурување во дефинираниот временски период; Информирајте се за ризиците кои се покриени со полисата, како и за исклучоците; Секогаш консултирајте се со овластено лице за условите под кои се нуди осигурувањето и бидете сигурни дека Ви се јасни сите одредбиод условите. ОД ШТО ЗАВИСИ ВИСИНАТА НА ПРЕМИЈАТА (цената)КАЈ ОСИГУРУВАЊЕТО НА ЖИВОТ? КОИ ВИДОВИ ОСИГУРУВАЊЕ НА ЖИВОТ НАЈЧЕСТО СЕ СРЕЌАВААТ? Осигурување на живот во случај на смрт (ризико осигурување) – договорената осигурена сума се исплатува на корисникот на осигурувањето само во случај на смрт на осигуреникот во договореното траење на осигурувањето. Доколку осигуреникот го доживее датумот на кој истекува полисата осигуреникот/корисникот на осигурување нема право на исплата на осигурената сума.Осигурување на живот во случај на доживување – осигурената сума се исплатува само во случај ако осигуреникот го доживее договорениот датум наведен во полисата за осигурување. Доколку кај осигуреникот настапи смрт за време на траењето на договорот, корисникот на полисата за осигурување нема право на исплата на договорената сума.Мешовито осигурување на живот претставува комбинација од осигурувањето на живот во случај на смрт и осигурувањето на живот во случај на доживување. Во случај на смрт на осигуреникот за времетраење на осигурувањето, на членовите на неговото семејство/корисниците на осигурување се исплаќа осигурената сума. Во случај на доживување, осигурената сума заедно со делот од добивката се исплаќа на осигуреникот. Ова осигурување е најчесто користено од страна на осигурениците поради комбинацијата на штедење и заштита на семејството на осигуреникот во случај на негова смрт.Рентно осигурување (осигурување на ануитети) – осигуреникот има право на исплата на одредени периодични исплати (ануитети) во текот на одреден период или доживотно. Ова осигурување може да се користи и како модел за идна исплата на пензии, односно пензиски надоместоци на сите членови во вториот, односно третиот пензиски столб кои се стекнале со тоа право. ДАЛИ МОЖЕ ДА ЈА ОТКАЖЕТЕ ПОЛИСАТА ЗА ОСИГУРУВАЊЕ НА ЖИВОТ? Доколку договарачот на осигурувањето од која било причина повеќе не може или не сака да ја плаќа договорената премија, може да изврши откуп или капитализација на полисата.Доколку ја откажете полисата за осигурување, односно сакате да извршите откуп на полисата, осигурителот ќе Ви ја исплати откупната вредност на полисата, односно дел од претходно уплатените средства, во согласност со табелите за откупни вредности.Доколку се исполнети условите за капитализација, договарачот на осигурувањето се ослободува од понатамошно плаќање на премијата. Полисата за осигурување и понатаму останува во сила, а осигурената сума се намалува според табелата за капитализирани износи.Осигурителот има обврска табелата за откупни вредности и табелата за капитализирани износи да му ги предаде на договарачот на осигурувањето при склучувањето на договорот за осигурување на живот.Доколку донесете одлука да ја откажете полисата, информирајте се за финансиските последици од таа одлука.Трошокот за предвремено прекинување на полисата е на Ваш товар! Извор:АСO [...]
  • ПРИЈАВА НА ШТЕТА ПРЕДИЗВИКАНА ОД ОСИГУРАНО ВОЗИЛОПРИЈАВА НА ШТЕТА ПРЕДИЗВИКАНА ОД ОСИГУРАНО ВОЗИЛОNovember 21, 2023Во случај на сообраќајна незгода, согласно член 5 од Законот за задолжително осигурување (Службен весник 88/05) треба како оштетено лице барање за надомест на штета да поднесете до одговорното друштво за осигурување (друштво за осигурување каде причинителот на штета има склучено договор -полиса за осигурување од автомобилска одговорност). Потребна документација  -Записник за увид на лице место или-Европски Извештај за сообракајна незгода (само за малa материјалнa штетa) согласно одредбите од Законот за безбедност на сообракајот на патиштата.-Пријава на штета (образци за пријава на материјална штета имаат сите осигурителни друштва на своите шалтери).-Барање за надомест на штета (за нематеријална штета) во кое детално се наведуваат основите за надомест на пооделни видови (за претрпена физичка болка, за претрпен страв, за намалена животна аквитност, за нагрденост) или за материјалниот дел на истата (за погребни трошоци, надгробен споменик и сл.)-Комплетна медицинска документација доколку се работи за оштетно барање односно нематеријална штета (за сите видови на повреди). Исто така доколку оштетеното лице смета дека се спорни правниот основ или определената висина на штетата ( материјална или нематеријална ) може да поднесе преставка до Агенцијата за супервизија на осигурувањето. Тужба до надлежен суд не може директно да се поднесе ,потребно е претходно вонсудски штетата да се пријави ,тужбата може да се поднесе дури откако оштетеното лице нема да биде задоволно од утврдениот надомест. Извор:НБО [...]
  • Една од главните придобивки од користењето на брокери е тоа што тие можат да ви заштедат време и пари со тоа што ќе направат истражување и споредба за васЕдна од главните придобивки од користењето на брокери е тоа што тие можат да ви заштедат време и пари со тоа што ќе направат истражување и споредба за васNovember 11, 2023Оливера Клинчарова, претседател на Асоцијацијата на осигурително-брокерски друштвапри Стопанската комора на Република Северна Македонија, претседател на Одборот на директори на осигурителното брокерско друштво Делта ИНС брокер АД Скопје Асоцијацијата на осигурително брокерски друштва, како форма на организирање во рамките на Стопанската комора,беше формирана на 6.7.2011 година со цел унапредување на осигурително-брокерската дејност, решавање на тековни прашања и заедничко дејствување за актуелни состојби во дејноста, зајакнување на соработката меѓу финансиските институции кои вршат осигурување и осигурителните посредници, а се во насока на зајакнување на довербата која е клучна за развој на осигурителниот сектор. Асоцијацијата настојува да ги насочи активностите и кон унапредување на бизнис-климата, поттикнување на имплементацијата на европски правила и стандарди во работењето, со цел унапредување на осигурителната заштита на клиентите,спроведување на фер правила и практики,посебно за комплексни производи и нови и иновативни финансиски активности, и долгорочно јакнење на јавната доверба во осигурувањето и промовирање на зголемено ниво на транспарентност, на едноставност и на правичност на пазарот за осигурителни производи и услуги. Асоцијацијата развива партнерска соработка со супервизорот − Агенцијата за супервизија на осигурувањето, Групација на осигурувањето, како и Министерството за финансии кое е задолжено за донесување на законските решенија. Заеднички партнер сме со други финансиски асоцијации со цел запознавање со услугите кои им се нудат на осигурениците и заштита на нивните права во случај на штетен настан, како и проекти кои се наменети зафинансиска едукација и финансиска инклузија. Асоцијацијата работи на континуирана едукација на нашите членки затоа што светот и бизнисите се соочуваат со нови глобални и регионални ризици, дигитализацијата и вештачката интелигенција. Актуелна е и новата шема за земјоделско осигурување, која подолг период се подготвува во Министерството за земјоделие и која би значела креирање на еден осигурителен пул, со цел поголем опфат на осигурувањето на посевите и на плодовите како најранлива катергорија при настанување на катастрофални ризици во земјоделието поради климатските промени. Справувањето со катастрофалните ризици е комплексен процес при што осигурувањето како механизам за трансфер на ризикот може многу да придонесе во намалувањето на финансиските последици од настанувањето на катастрофални ризици. Во светот има различни искуства за тоа како земјите го решаваат осигурувањето од катастрофални ризици, но сепак најважниот заклучок од сите искуства е дека државата мора да воспостави механизам за справување со последиците од катастрофалните ризици. Исто така како значајна алка во дистрибуцијата на осигурување од автомобилска одговорност вклучени сме во проектот„Платена полиса“ на Националното биро за осигурување и осигурителните компании во земјава.Посетата на г. Ник де Маесхалк (Nic De Maesschalck), директор на Европската федерација на посредници во осигурувањето(BIPAR ), на Македонија во септември 2022 година, беше искористена за работна средба со претставници од Министерството за финансии, Асоцијацијата и Стопанската комора каде што главна темабеа европските текови и хармонизацијата со европското право од осигурителната област.Во врска со ова ги следиме и придобивките и резултатите од примената на европската Директива за дистрибуција на осигурувањето која треба да се имплементира и во нашето законодавство. Придобивки од користење на осигурително-брокерски услуги Осигурително-брокерските друштва преку своето дејствување, како претставници на клиентите и воедно како посредници меѓу осигурениците и осигурителните компании, можат многу да придонесат за развојот на самата осигурителна дејност, пред сè преку согледување на реалните потребина осигурениците и нивно обезбедување преку соодветните понуди на осигурителните компании.Една од главните придобивки од користењето на брокери е тоа што тие можат да ви заштедат време и пари со тоа што ќе направат истражување и споредба за вас. Тие можат да пристапат до широк спектар на опции и да ги прилагодат на вашите специфични потреби и цели. Брокерите исто така можат да ја искористат својата експертиза и да ги искористат своите односи за да преговараат за подобри услови и да ви помогнат во процесот на аплицирање и на одобрување. Брокерите исто така можат да ви дадат непристрасен и персонализиран совет во случај на какви било прашања или спорови.Работењето на осигурително-брокерските друштва е регулирано со Законот за супервизија на осигурувањето, согласно кој нашите услуги за клиентите, правни и физички лица, се без надоместок и главно се однесуваат на укажување помош во текот на важењето на договорот за осигурување како пред така и по настанувањето на осигурениот настан, а особено да обезбеди дека осигуреникот ги извршил сите правни дејствија во предвидените рокови коисе предуслов за стекнување и уживање на правата кои произлегуваат од договорот за осигурување. Стратешка цел е обезбедување на оптимален квалитет на осигурување со имплементирање високо ниво на услуга во сите сегменти од спроведувањето на осигурителниот процес.Во тек е подготовка на нова законска рамка за осигурување согласно Стратешкиот план за работа на Министерството за финансии, која е планирана да се донесе во првиот квартал од 2024 година. За таа цел,во Министерството за финансии беа одржани повеќе состаноци, а претставници од Асоцијацијата на осигурително-брокерските друштва се вклучени во работната група за подготовка на законот со конкретни предложени законски решенија во делот на уредување на осигурителните брокерски друштва и каде што сметавме дека е потребно подобрување на постојните законски решенија.И за крај:„Да ви треба осигурување е како да ви треба падобран. Ако не е таму првиот пат,голема е веројатноста дека нема да ви треба повторно. (Needing insurance is like needing a parachute. If it isn‘t there the first time,chances are you won‘t be needing it again.)“ Извор:Економија и бизнис [...]



Доколку преземете содржина (статија или оглас) од ОСИГУРУВАЊЕМАГАЗИН задолжително наведете „Извор: ОСИГУРУВАЊЕМАГАЗИН“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено