Blog

Наставна програма за младите да зачекорат во   водите на осигурувањето

МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ

 Главна цел на студиската програма од областа на осигурување е да им овозможи на студентите да се стекнат со продлабочени знаења од областа на менаџментот во осигурување и со специфични вештини за примена на ова знаење во практиката. За остварување на овие цели студиската програма ги обработува теоретските аспекти на оваа област, фокусирајќи се и на нивната практична примена.

 Република Северна Македонија, како земја во развој, бележи континуиран раст и зголемување на значајноста на осигурителниот во финансискиот сектор на државата. Со постепениот развој на финансискиот сектор се намалува неговата традиционална банкоцентричност, при што осигурителните друштва доаѓаат до особен израз. Тоа создава потреба од студиска програма за втор циклус студии од областа на менаџмент во осигурување, која ќе понуди соодветни знаења, способности и вештини од овие области во рамките на организациските науки и управувањето. Паралелно се јавува и потреба за научно-стручна и независна анализа и евалуација на спроведените политики и реформи во осигурувањето, со цел предлагање мерки за нивно поефикасно и поефективно спроведување. Финансиската криза покажа дека осигурителниот сектор не е имун на турбуленции, па неговото внимателно менаџирање и супервизија се појавува како клучно прашање. Растечката финансиска интеграција во економиите нужно го наметнува прашањето на реформи, солвентност и управување со ризиците, за што студиумот нуди адекватен одговор.

 Студиумот по Менаџмент во осигурување е внимателно структуриран и дизајниран да одговори на образовните и реалните проблеми во областа на осигурувањето и менаџирањето на осигурителните друштва. Тој е адекватен за сите кандидати кои имаат за интерес да се ангажираат и унапредуваат како дел од врвниот менаџмент на осигурителните компании, вработени во осигурителни компании или пак како осигурителни брокери. Дополнително, студиската програма по Менаџмент во осигурување отвара можности за профилирање на кандидатите во доменот на животното и неживотното осигурување, актуарството, управувањето со ризиците во осигурителните компании, финансиска анализа и процена, управување со општото и посебното окружување кај осигурителните друштва, креирање и имплементација на стратегии и стратешки приоритети, корпоративното управување, бизнис етиката, бизнис аналитиката и електронските бизнис модели кои се применуваат во осигурителната дејност. Специфичните задачи на студиската програма се: оспособување на менаџерите за донесување на одлуки во осигурителната индустрија; креирање на лидерство, интегритет и ефикасни аналитички способности на менаџерите за управување со ризикот и апликација на механизмот на осигурување во превземање и трансфер на ризикот; зголемување на капацитетот на менаџерите во осигурителната индустрија, како и во друштвата за пензиско осигурување, системот за здравствено осигурување и институциите на пазарот на осигурување во носењето на конкурентни и одржливи одлуки, преку анализа на напредните елементи на интерното и екстерното окружување во осигурителната индустрија, финансисиот систем на национално и меѓународно ниво; и креирање на холистичка рамка на напредни знаења и способности во функција на мултитаскинг и мултидисциплинарен пристап во решавање на проблемите и предизвиците.

 Предметните програми на оваа студиска програма се во линија со динамичната бизнис клима и предизвиците и можностите кои ги нуди осигурувањето. Посебен акцент е ставен на развивањето и унапредувањето на способностите за тимска работа, на аналитичката способност, на способноста за донесување одлуки, способноста за лидерство и комуникација, но воедно и за независна идентификација на своите лични потреби, интереси и професионален развој.

 Целината од знаење која ја нуди студиската програма по Менаџмент во осигурување ќе ги подготви студентите за успешна кариера и ќе им овозможи да се ангажираат во осигурителните друштва како:  

  • Главни извршни и оперативни менаџери
  • Неизвршни менаџери во Одборите на директори
  • Секторски и регионални менаџери
  • Менаџери на друштва за застапување и осигурително брокерски друштва
  • Менаџери на линиско ниво на менаџмент
  • Стратегиски и бизнис аналитичари и планери
  • Застапници и брокери во продажната мрежа
  • Вработени во супервизорско-регулаторни институции
  • Менаџери и агенти во системот на капитално-финансирано пензиско осигурување
  • Стручен кадар, советници и соработници на неменаџерски позиции

 По комплетирање на програмата магистрираните студенти се стекнуваат со бројни предности од типот на поголеми можности за вработување, флексибилност и слобода во избор на работно место, брз развој во кариерата, подобро платени позиции на кои се бараат експерти со широки познавања од областа на менаџментот во осигурувањето.

Менаџмент во осигурување – наставна програма 2022/23 – Економски факултет – Скопје (ukim.edu.mk)




Доколку преземете содржина (статија или оглас) од ОСИГУРУВАЊЕМАГАЗИН задолжително наведете „Извор: ОСИГУРУВАЊЕМАГАЗИН“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено
Total
0
Shares
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Posts

Словенија: Само 43% од загубите предизвикани од природни катастрофи во последните 4 децении се покриени со осигурување

Од 1980 до 2020 година, економските загуби предизвикани од природни катастрофи во Словенија изнесуваат вкупно 3,8 милијарди евра. Само 43 отсто од овие штети биле осигурани, што одговара на сума од 1,6 милијарди евра, бројки кои укажуваат на значителна празнина во осигурителната покриеност, покажуваат податоците на словенечката агенција за супервизија на осигурување (AZN).

Според податоците на EIOPA, распространетоста на осигурувањето од поплави во Словенија е под 25%. Според АЗН, пристапноста останува предизвик, бидејќи меѓу 25 и 50 отсто од населението не можат да си дозволат осигурување од поплави. „Овој јаз стана особено евидентен минатата година за време на големи природни катастрофи. Осигурителното покритие се покажа недоволно, покривајќи само околу 16% од вредноста на економската штета. Овие околности укажуваат на итна потреба од стратегија за зголемување на ширењето и достапноста на осигурувањето во Словенија“, се наведува во написот објавен на веб-страницата на АЗН.

Сегашната ситуација е уште поважна бидејќи 2023 година е означена како најтоплата година во последните 176 години, според Националната администрација за проценка и клима. Просечната температура се зголемила за 1,18 °C во споредба со 20 век и го надминала прединдустрискиот просек за 1,35 °C. Ова екстремно затоплување доведе до зголемување на екстремните временски настани ширум светот, што укажува на итна потреба од ефективни решенија за таканареченото осигурување NatCat (природни катастрофи, оп. а.).

За словенечките осигурителни компании, 2023 година беше пазарна година со рекордно високи побарувања на NatCat. Вкупно, бруто ликвидираните штети изнесуваат 2.256 милиони евра, што е за 589 милиони евра или за 35,3% повеќе во однос на 2022 година кога изнесувале 1.667 милиони евра. Од ова повеќе од половина милијарда раст на трошоците за штети, најголем дел од осигурените имотни осигурувања, платени штети се зголемени за 213 милиони евра, најмногу поради повторените минатогодишни невреме со град и поплави во август.

Осигурувањето треба да ја преземе улогата на промотор на стабилност, обезбедувајќи суштинско покритие за поединците, компаниите и општеството од тешки финансиски загуби и забрзувајќи ги процесите на закрепнување. Осигурувањето, исто така, промовира долгорочно економско планирање и инвестиции и придонесува за севкупната регионална стабилност, особено во областите ранливи на климатски ризици. Меѓутоа, кога зборуваме за улогата на осигурувањето, важно е да се разбере односот помеѓу (строгата) законска регулатива и силната осигурителна индустрија, особено во однос на осигурувањето од природни катастрофи. Осигурителниот јаз, кој се карактеризира со уделот на неосигурените економски загуби во катастрофални настани, е резултат на голем број фактори, вклучително ограничената достапност на пазарот, проблемите со достапноста и недостатокот на свест на осигурениците, се вели во документ неодамна подготвен од АЗН.

Извод:Osiguranje

ОСИГУРЕНЦИ ЗА ЕДЕН МЕСЕЦ НАПЛАТИЈА 9 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ШТЕТИ ПОКРИЕНИ СО ОСИГУРУВАЊЕ

Најголемата штета во ноември вредна 900.000 евра е исплатена за осигуран имот. Дури 54% од бројот на исплатени штети се за надомест на медицински трошоци покриени со приватни здравствено осигурување. Во ноември компаниите за неживотни осигурувања исплатиле 2,8 милиони евра повеќе за штети покриени со осигурување во споредба со вредноста на исплатите во октомври годинава

Граѓани, компании и институции наплатија 550 милиони денари (9 мил.евра) за штети покриени со неживотно осигурување во ноември годинава. Во споредба со октомври вредноста на исплатените штети покриени со неживотни осигурувања е зголемена за 45 отсто, покажува споредбата на прелиминарните податоци што до Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) ги доставуваат сите компании за осигурување.

Во однос на истиот месец минатата година вредноста на исплатените штети е зголемена за 10 отсто, а повеќе детали се достапни на следниот линк https://aso.mk/mesechni-podatoczi-za-osiguruvanje-noemvri-2023-godina/

Од сите доброволни осигурувања најголемо учество во исплатите за ноември имаат штети на осигурен имот. Осигурителните компании исплатиле 132,3 милиони денари (2,15 мил.евра), а исплатени се вкупно 710 штети. Најголемата меѓу нив е со вредност од 56 милиони денари (900.000 евра) која една осигурителна компанија ја исплатила како  обештетување за настанат пожар во објект на компанија.

За возила со каско осигурување осигурителните компании во ноември исплатиле 790 штети во вкупна вредност од 72,3 милиони денари (1,17 мил.евра). Тоа е за 28 отсто повеќе исплатени средства за штети во таа класа осигурување во споредба со истиот месец лани.

Најголем број штети осигурителните друштва исплатиле по основ за приватно здравствено осигурување. Во ноември биле исплатени 6.773 оштетни побарувања за здравствено осигурување што е 54 отсто од сите исплатени штети во тој месец. За покривање на мецински трошоци во ноември се исплатени 66,6 милиони денари (1,08 мил.евра) и тоа е за 29 отсто поголем износ на исплати од истиот месец претходната година.

Кај најголемата класа – осигурување од автомобилска одговорност, која е задолжителна со закон, во ноември се исплатени 225,8 милиони денари (3,67 мил.евра). Во овој месец сите 11 компании за осигурување штети сервисирале и ликвидирале 2.845 пријави за обештетување покриени со осигурување.

Во структурата на вкупно исплатени штети во ноември „Кроација осигурување – неживот“ учествува со 16,8 отсто, „Еуролинк“ со 9 отсто, „Евроинс осигурување“ со 6,6 отсто, „Граве неживот“ со 5,7 отсто, а „Македонија осигурување ВИГ“ со 11 отсто. Учеството на „Сава осигурување во вкупната исплата за ноември е 10 отсто, на „Триглав осигурување“ е 8,9 отсто, а на „Уника“ е 9,7 отсто. „Винер – ВИГ“ учествува со 11,4 отсто, „Осигурителна полиса“ со 4,9 отсто и „Халк осигурување“ со 6%.

Од почеток на јануари до крај на ноември годинава сите 11 компании за неживотни осигурувања на осигуреници им исплатиле 3,9 милијарди денари (63,5 мил. евра).

Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) е независно регулаторно тело кое го регулира пазарот за осигурување, врши надзор над работата на осигурителните субјекти, се грижи за заштита на правата на осигурениците и придонесува за финансиска едукација и вклученост на населението.

Над 305.000 граѓани имаат животно осигурување, вложиле 37 милиони евра

Вложувањата во осигурување живот пораснале за 14 отсто во 2022 година, а најголемо учество во нив имаат инвестициите во животно осигурување со штедна компонента кои изнесуваат 20,1 милиони евра. Истовремено вкупните исплати на осигурителите кон осигурениците пораснале за 18,5 отсто, изнесуваат 14,5 милиони евра и вклучуваат: доживување, прекин на осигурување или смрт на осигуреник. Петте друштва за осигурување живот се солидно капитализирани и минатата година ја завршија со вкупна актива вредна 187 милиони евра

Вложувањата во осигурување живот надминаа 2,27 милијарди денари (37 мил.евра). Овој сегмент на осигурителниот пазар лани пораснал за 14 отсто во споредба со претходната 2021 година, покажуваат официјалните податоци што ги доставиле петте компании за осигурување живот до Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО).

Заклучно со крајот на 2022 година во земјава животно осигурување имале 305.322 лица што е за речиси 45.000 лица односно 17 отсто повеќе во споредба со претходната година. Во истиот период бројот на активни договори надминал 171.000 и е зголемен за 7 отсто.

Во вкупното осигурување живот најголемо учество имаат вложувањата во осигурување со штедна компонента. Овој продукт овозможува осигуреникот по истек на договорот за осигурување да ги добие вложените средства зголемени со камата. Уплатите на осигурениците кои го имаат овој тип на осигурување се вложуваат во банкарски депозити во државни обврзници или други безризични финансиски инструменти. Вкупно во 2022 година во овој тип на осигурување граѓаните вложиле 1,236 милијарди денари (20,1 мил.евра)

Официјалните податоци на компанииите за осигурување живот покажуваат дека најголем раст на продажбата има животното осигурување кое нема штедна компонента.  Со него во случај на смрт, за времетраење на договорот, се исплаќа осигурена сума на член на семејството или на друг корисник на осигурувањето. Но доколку не се случи ризикот до истек на договорот за осигурување сите вложени средства ги задржува осигурителната компанија која го превзела ризикот да исплати средства во случај на смрт на осигуреното лице.

Вложувањата во ова осигурување лани достигнале 547 милиони денари (8,9 мил.евра) и тоа е за 56 отсто повеќе од претходната година. Бројот на лица кои го имаат ова осигурување надмина 243.000 што е 22 отсто повеќе во споредба со 2021 година.

Една од двете клучни причини за раст на продажбата за ризико осигурување е тоа што овој продукт се поврзува со банкарски кредити кои ги имаат  осигурениците.

Другиот катализатор на растот на бројот осигуреници кои имаат животно осигурување е мерката со која АСО им укажа на  друштвата за неживотно осигурување дека не смеат да преземаат во осигурување ризик од смрт поради болест во рамки на понудата на осигурувања од последици на несреќен случај (незгода).

Осигурувањето во кое ризикот од вложување на средствата го превзема осигуреникот е најновиот осигурителен продукт од палетата на животни осигурувања на нашиот пазар. Овој продукт е популарно познат како „јунит линкд“ осигурување. Кај ова осигурување значаен дел од парите се вложуваат во инвестициски фондови, избрани од осигурениците, чии пазарни цени зависат од движењата на регионални и глобални пазари на капитал. Во 2022 година над 13.600 осигуреници во овој продукт вложиле 494 милиони денари (8 мил.евра).

Животно осигурување продаваат пет осигурителни компании. Во продажбата на полиси лани „Кроација осигурување“ учествува со 31,7 отсто, „Граве“ со 22,1 отсто, „Винер лајф“ со 17,6 отсто, „Триглав осигурување – живот“ со 16,1 отсто и „Уника лајф„ со 12,5 отсто.

Компаниите за осигурување живот во 2022 годинава на осигурениците им исплатиле вкупно 705,2 милиони денари ( 11,5 мил.евра) односно 18,5 отсто повеќе средства од претходната година. Средствата се исплатени заради настаната смрт на осигуреник, доживување или за прекин на договор за осигурување со штедна компонента.

Петте друштва за осигурување живот имаат силно влијание на одржување на финансиската стабилност на осигурителниот пазар. Вкупната актива на овие компании на крај на минатата година изнесува 11,5 милијарди денари (187 мил.евра) што претставува 38 отсто од вкупната актива на сите 16 осигурителни компании.

АСО во рамки на своите надлежности се грижи да обезбеди проверка на усогласеноста на применетите деловни политики на вреднување на обврските, како и видовите на вложувања и вреднувањето на средствата на друштвата за осигурување. Друштвата за осигурување во континуитет се усогласени со овие законски барања.

Средствата од техничките резерви и од капиталот на друштвата за осигурување на живот се вложени во сигурни пласмани, со многу низок ризик од загуби и со солидни приноси.

Друштвата за осигурување на живот се солидно капитализирани, средствата од капиталот се од најквалитетни категории на извори на основен капитал, овозможувајќи им добра заштита од неизвесности и неочекувани ризици по континуитетот во работењето.

Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) е независно регулаторно тело кое го регулира пазарот за осигурување, врши надзор над работата на осигурителните субјекти, се грижи за заштита на правата на осигурениците и придонесува за финансиска едукација и вклученост на населението.

НОВА КОМПАНИЈА ЗА ОСИГУРУВАЊЕ ЖИВОТ

АСО издаде дозвола за нова инвестиција вредна 4 милиони евра, се формира нова компанија за осигурување живот

По пауза од шест години на македонскиот пазар на осигурување живот се формира нова осигурителна компанија во која словенечки сопственици ќе вложат 4 милиони евра. Оваа инвестиција е доказ дека актуелниот менаџмент на АСО во соработка со другите финансиски институции активно ја подобрува деловната клима и создава услови за вложувања во осигурителниот бизнис

Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) издаде дозвола за работа на нова осигурителна компанија „Прва живот“. Оваа  компанија ќе нуди осигурување живот на нашиот осигурителен пазар. Основач и единствен сопственик на новоформираното друштво за осигурување живот е словенечкиот осигурителен холдинг ПРВА ГРУП (SKUPINA PRVA, zavararovalniski holding, d.d).

Словенечката групација е реномиран холдинг кој две децении управува со пензиски фондови во Словенија, Србија, Македонија и на Косово. Групацијата има осигурителна компанија во Словенија, а се очекува нивниот влез на нашиот осигурителен пазар да ја подобри конкурентноста во секторот и да придонесе во збогатување на понудата на производи за осигурување живот.

Во новоформираното осигурително друштво словенечката компанија вложи 4 милиони евра колку што изнесува и основачкиот капитал на „Прва живот“. Средствата се депонирани на посебна девизна сметка на централната банка.

Советот на експерти на АСО на редовната седница го донесе решението за издавање дозвола со која „Прва живот“ ќе врши работи на осигурување во рамките на групата на осигурување на живот во класата 19  – осигурување на живот.

„Прва живот“ ќе започне со работа во рок од шест месеци од денот на издавање на дозволата за работа, а седиштето на компанијата ќе биде во Скопје. За извршен член на одборот на директори е именуван Предраг Милошевски.

АСО го задолжи друштвото да назначи овластен актуар во рок од два месеци од уписот на друштвото во трговскиот регистар.

„Прва живот“ ќе биде шеста компанија на македонскиот пазар за осигурување живот на кој сега работат „Кроација осигурување – живот“, „Триглав живот“, „Граве“, „Винер Лајф ВИГ“ и „Уника Лајф“.

Во првите шест месеци граѓаните во петте компании за осигурување живот вложиле над 14 милиони евра во осигурување живот.

На нашиот осигурителен пазар се вложува во три групи производи за осигурување живот. Во вкупното осигурување живот најголемо учество имаат вложувањата во осигурување со штедна компонента. Овој продукт овозможува осигуреникот по истек на договорот за осигурување да ги добие вложените средства зголемени со камата. Уплатите на осигурениците кои го имаат овој тип на осигурување се вложуваат во банкарски депозити во државни обврзници или други безризични финансиски инструменти.

Официјалните податоци на компанииите за осигурување живот покажуваат дека најголем раст на продажбата има животното осигурување кое нема штедна компонента.  Со него во случај на смрт за времетраење на договорот се исплаќа осигурена сума на член на семејството или на друг корисник на осигурувањето. Но доколку не се случи ризикот до истек на договорот за осигурување сите вложени средства ги задржува осигурителната компанија која го превзела ризикот да исплати средства во случај на смрт на осигуреното лице.

Осигурувањето живот во кое ризикот од вложување на средствата го превзема осигуреникот е најновиот осигурителен продукт од палетата на животни осигурувања на нашиот пазар. Овој продукт е популарно познат како „јунит линкд“ осигурување. Кај ова осигурување значаен дел од парите се вложуваат во инвестициски фондови, избрани од осигурениците, чии пазарни цени зависат од движењата на регионални и глобални пазари на капитал.