Blog

Наплата на должна премија

МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ

Наплатата на долгови е проблем со кој се соочуваат осигурителните компании како и повеќето бизниси. Уплатата од  клиентите кои  и должат на осигурителната компанија е предизвик кој бара систематски пристап и внимателно постапување.

Ефективното управување со должникот е најдобриот начин да се сведат на минимум проблемите со долгот. Но, и покрај сите ваши најдобри напори, секогаш ќе има клиенти кои не плаќаат на време.

Идентификувајте ги потенцијалните лоши должници и дејствувајте брзо!

Поставете го вашиот сметководствен систем да ги означува задоцнетите сметки. Колку побрзо преземете акција, толку е поголема веројатноста да ги забележите клиентите кој доцнат.

Неактивноста или одложувањето ќе ви ги намалат шансите да добиете наплата.. Не сакате да навредите важни клиенти, но исто така не сакате клиентите да ги искористат предностите третирајќи го вашиот бизнис како извор на пари без камата.

Менаџирање со задоцнети плаќања

Преземете иницијатива и дознајте зошто доцнат плаќањата.

Не очекувајте клиентите секогаш прво да ве контактираат за нивните проблеми со плаќањето – преземете иницијатива сами. Започнете со решавање или елиминирање на какви било очигледни причини, како што се:

-Вашиот клиент никогаш не ја добил вашата фактура.Ова може да биде изговор или вистинска причина за неплаќање. За поголемите фирми, фактурата можеби била испратена до погрешен оддел каде што едноставно била игнорирана. Обрнете внимание да испратите копија од вашите фактури во рок од еден или два дена од доцнењето на сметката. Можете исто така да продолжите со повик (ако е потребно) за да се осигурате дека вистинската личност ја добила фактурата.

-Фактурата беше нејасна. Можеби вашата фактура нема точно опишано кое покритие или услови ги добиваат странките.

-Многу важно е да проверите дали вашите детали за плаќање се јасни и дека се усогласени со начин на плаќање на клиентот.

-Вашиот клиент има дефект со нивните сметководствени или платежни системи. Ова обично може брзо да се провери и да се реши .

Остварете контакт со вашиот клиент

Откако ќе ги решите сите бариери за плаќање, остварете директен контакт со вашиот клиент. Започнете со љубезен потсетник или распрашување за фактурата, бидејќи задоцнето плаќање можеби не е вина на клиентот, а потоа следете по потреба.

Обидете се со една или повеќе од тактиките за следење подолу:

*Лична посета – средбата лице в лице често може да го реши проблемот или да обезбеди приоритетен третман. Тоа е исто така можност да се преговара за решенија за плаќање.

*Е-пошта – ова е најдалечената тактика и затоа е најлесно за клиентите да ја игнорираат или избегнуваат.

*доколку се работи за голема компанија најдобро и моментално во тренд е праќање потсетување на долг со мобилна порака.

Ажурноста и упорноста се двата клуча за да добиете напалата.

Соработувајте надворешни фирми за наплата

Обидете се да го контактирате вашиот клиент последен пат за да му дадете до знаење дека планирате да го предадете предметот на адвокат или наплатувач на долгови – секогаш можете да го обвините вашиот „сметководител“ за притисок врз вас.

Откако ќе го предадете долгот на агенцијата, постои голема можност клиентот да види дека неговиот долг е веќе предаден на некој што профеисонално ќе постапува и тие често ќе платат веднаш, во целост или на договорени рати.




Доколку преземете содржина (статија или оглас) од ОСИГУРУВАЊЕМАГАЗИН задолжително наведете „Извор: ОСИГУРУВАЊЕМАГАЗИН“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено
Total
0
Shares
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Posts

Животно осигурување со штедење – начин за сигурна иднина

Финансиската сигурност и штедењето се особено важни за соочување со сите предизвици кои ги носи современиот начин на живот, како и во време на зголемена несигурност поради политички и економски кризи. Инвестирањето во инвестициски фондови носи зголемен ризик бидејќи вредноста на уделите зависи директно од движењето на финансиските пазари и нема никаква гаранција за добивки или загуби. Поради тоа, граѓаните сѐ почесто избираат животно осигурување како начин на штедење, со што обезбедуваат дополнителна заштеда, како и заштита и сигурност за своите најблиски.

Склучувањето на полиса за животно осигурување е долгорочна одлука која претставува финансиска заштита и обезбедување на сите оние кои зависат од осигуреникот, но една од најатрактивните опции на пазарот е животното осигурување со штедење, кое нуди акумулирање на средствата, односно еден вид на заштеда. Имено, освен осигурената сума во случај на смрт, оваа можност нуди и исплата на загарантирана осигурена сума во случај на доживување.

Триглав Осигурување Живот нуди одлична можност за осигурување на животот со штедење и има бројни предности кои овозможуваат финансиска безбедност за најблиските во случај на несакани животни ситуации. Овој производ е комбинација на штедење и осигурување во случај на смрт од болест или несреќа, кој покрај полисата за животно осигурување ја гарантира и сигурноста на вложените пари. По истекување на осигурителниот период, осигуреникот ги добива средствата во износот кој е договорен при склучување на полисата, а истовремено неговиот живот е осигуран, со што неговите најблиски се финансиски заштитени.

Со овој тип на осигурување може да се осигураат сите лица од 14 до 65 години со минимална премија од 15 евра, на период од 5 до 25 години, во зависност од желбите и индивидуалните потреби на клиентите. Покрај основното осигурување, нуди и дополнително покритие од тешки болести и повреди, а опфаќа заштита од 23 тешки болести и повреди. Истовремено, со овој производ се осигурани и децата на осигуреникот на возраст од 3 до 18 години.

Со склучување на полиса, клиентите добиваат можност за бесплатно второ медицинско мислење од високореномирани здравствени установи.

Повеќе информации на:

 02 5102-201

info@triglavzivot.mk

Триглав Осигурување Животза живот со насмевка!

Бројот на преставки решени во корист на осигуреници зголемен за 37%,најчесто се жалат на основ за исплата и висина на надомест

Продолжува да расте бројот на претставки кои до АСО ги поднесуваат
незадоволни осигуреници што укажува на заклучок дека осигурениците ја
препознаваат посветеноста на менаџментот и вработените на АСО во
заштитата на правата на осигурениците. Очекувано најбројни, во првите три
месеци годинава, се поплаките на осигуреници при обештетување од
автомобилска одговорност. Во овој период не била поднесена претставка
само за една од вкупно 16 компании за осигурување

Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) во првите три месеци годинава прими 71 претставка од осигуреници кои се пожалиле на услугите од осигурителни компании. Бројот на поднесени претставки во овој период е зголемен за 14,5 отсто
во споредба со првиот квартал 2022 година.


Од поднесените претставки  5 биле без основ за разгледување, а подносителите
во 6 случаи ги повлекле своите поплаки.
Во корист на осигурениците се решени 11 претставки. Во процес на постапување
се 16, а негативно се решени 33 поплаки на осигуреници.
Очекувано, и годинава најголем број на поплаки има во најмасовната
осигурителна класа „осигурување од автомобилска одговорност (АО)“ која е
задолжитена со закон. Поднесени се 34 претставки за штети кои настанале во
сообраќани незгоди и се покриени со ова осигурување.
Најбројни, вкупно 18, се претставките во кои осигурениците се жалат на решавање штети настанати при сообраќајни незгоди решени врз основа на користење полициски записник. Најголем дел од нив се однесуваат на висината на обештетувањето и се решени негативно.
Во овој период е намален бројот на поплаки за решавање штети врз основа на пополнет европски извештај. Во првите три месеци се добиени 13 претставки за решавање штети и тоа е за 32 отсто помалку од истиот период лани.
За осигурување имот се поднесени 9 претставки, а по 8 се однесуваат на приватно здравствено осигурување и на осигурување од незгода.
Исто како и претходната година, во однос на причината поради која се жалат осигуреници, најбројни во овој период се претставките кои се однесуваат на основот по која компаниите исплаќаат штети. За првите три месеци се примени 33 такви претставки и тоа е за 65% повеќе од истиот квартал во 2022 година.

Најзначајно намалување на бројот на поплаки има за процесот во кој компаниите ги обработуваат штетите на осигурениците. Од почеток на јануари до крајот на март годинава се поднесени само 5 такви претставки и тоа е за 68 отсто во однос на истиот период лани.
За висината на надоместот на штета што го нудат осигурителните компании во
првите три месеци годинава се пожалиле 19 осигуреници. Во овие случаи АСО
нема надлежност да одлучува за висината на надоместокот, но ги утврдува
условите и околностите во кои е донесена одлуката за износот на понудена
оштета.
Од поднесените претставки 61 се поднесени од граѓани, а 10 од правни лица.
Претставка до АСО се поднесува ако осигуреникот не е задоволен од
одговорот на осигурителната компанија за оштетното побарување или не
добил одговор во рок од 30 дена. АСО не разледува анонимни претставки или
случаи за кои се води судска или друга постапка.
Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) е независно регулаторно тело
кое го регулира пазарот за осигурување, врши надзор над работата на
осигурителните субјекти, се грижи за заштита на правата на осигурениците
и придонесува за финансиска едукација и вклученост на населението.

Бројот на осигурани возила достигна 700.000, секое трето возило има зелена карта

Сопствениците на возила во 2023 година вложиле 87 милиони евра во oсигурување од автомобилска одговорност. Во вкупните вложувања зелената карта учествува со 21 милиони евра. Сите цени за задолжителното автомобилско осигурување и за зелена карта ги регулира државата. АСО, Министерството за финансии и осигурителната индустрија работат на подготовките на процесот за либерализација на цените што е и еден од условите во пристапните преговори за членство во ЕУ

Граѓани, компании и институции осигурале повеќе од 697.700 возила (патнички и товарни возила, автобуси, моторцикли, трактори, приколки и специјални возила) во 2023 година. Вкупниот број на возила за кои сопствениците купиле полиси за задолжително осигурување од автомобилска одговорност во 2023 година е зголемен за 5 отсто во споредба со 2022 година, покажуваат прелиминарните податоци кои до Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) ги достави Националното биро за осигурување (НБО).

Секое трето осигурано возило имало и зелен картон за патување во странство, покажуваат податоците. Во текот на 2023 година сите 11 осигурителни компании издале 260.815 зелени карти – осигурување неопходно за возење во странство. Бројот на издадени зелени карти лани е зголемен за речиси 20.000 односно 8 отсто повеќе од 2022 година. Осигурениците во зелени карти во 2023 година вложиле 1,3 милијарди денари (21,16 мил.евра). 

Зелената карта е осигурување кое служи за обештетување на трети лица доколку се случи сообраќајна незгода или несреќа во странство. Специфика на зелената карта е тоа што во некои земји нема утврдена масимална сума за човечки жртви во сообраќајна несреќа. Во таков случај осигурителната компанија што ја издала зелената карта ќе исплати износ без ограничување. 

Податоците добиени од НБО покажуваат дека граѓаните, компаниите и институциите лани купиле вкупно 958.528 полиси за осигурување возила во земјава и во странство. Во  осигурување од автомобилска одговорност (за возење во земјава и во странство) во 2023 година се вложени 5,33 милијарди денари (86,75 мил.евра). 

Бројот на издадени полиси за автомобилско осигурување за во земјава и во странство лани во однос на 2022 година е зголемен за 6 отсто, а нивната вкупна вредност е поголема за 6,5 отсто, покажуваат податоците на НБО.

НБО има законски овластувања да ги врши работите предвидени со меѓународните спогодби за осигурување на сопствениците и корисниците на моторни возила од одговорност во сообраќајот. НБО ги претставува сите македонски компании за неживотно осигурување во меѓународните организации и институции за осигурување.

Во Македонија законски задолжителното осигурување од автомобилска одговорност и зелената карта  имаат регулирани цени кои ги утврдува и контролира  Владата преку надлежна стручна интересорна комисија.  

Во 2023 година во продажбата на задолжително автомобилско осигурување и зелена карта „Македонија осигурување“ учествувала со 4,8 отсто, „Кроација осигурување – неживот“ со 9,9 отсто, „Уника“ со 14,6 отсто, „Триглав осигурување“ со 8,8 отсто, а „Сава осигурување“ со 9 отсто. Од вкупната продажба на ова задолжително осигурување на „Винер ВИГ“ отпаѓа 13,4 отсто, на „Еуролинк“ 8,4 отсто, „Граве“ 8,8 отсто, „Халк Осигурување“ учествува со 6,4 отсто и „Осигурителна полиса“ со 9,5 отсто.    

Извор: АСО

Осигурување на познати личности

Просечниот човек во неговото осигурителното покритие вклучува автомобил, дом, живот, здравје,тој нема потреба да осигурува некој специфичен дел од своето тело, а просечната осигурителна компанија нема потреба да обезбедува ваков вид покритие. Во нашиот регион сеуште не е развиено вакво осигурување но интересно е да се прочита за тоа колку тоа е важно за славната личност чија цела кариера е изградена на нејзиниот изглед или физички способности, перцепцијата за осигурување е сосема поинаква.

Oсигурувањето на славните им помага да ги заштитат своите најважни делови за да останат во центарот на вниманието што е можно подолго.

Џин Симонс го осигура својот јазик за 1 милион долари

Џин Симонс е израелско-американски музичар, тој е басист и ко-пејач на Kiss.Кога KISS ја постигна својата најголема слава во 70-тите, беше позната по црно-белата шминка,по нивната театарска претстава,и по јазикот на Џин Симон која беше интересна атракција за фановите и за присутините на нивните концерти. Басистот го осигура неговиот јазик на 1 милион долари.Големата сума на осигурување гарантирала дека доколку му се случи нешто на јазикот на Џин ќе му биде надоместена целосно штетата.

Џеки Чен е еден од многу личности кои неможат да добијат осигурување

Каскадерите се оние личности кои неможат да се осигураат ,бидејќи трошокот за негата е навистина голема.Тие како и Џеки Чен имаат големи ризици додека работат,за кои компаниите не се подготвени да ги превземат финансиски.

Насмевката на Америка Ферера е осигурана на 11 милиони долари

Кога Aquafresh избра да ја спонзорира Америка Ферера –Ugly Betty  , тие го направија тоа поради нејзината прекрасна насмевка. Во рамките на партнерството со Aquafresh, актерката направи осигурително покритие за заштита на забите и непцата за сума од 11 милиони американски долари.Ова ѝ ја обезбеди финансиската иднина доколку некогаш и се случи нешто со нејзината насмевка.