Blog

НОВА КОМПАНИЈА ЗА ОСИГУРУВАЊЕ ЖИВОТ

МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ

АСО издаде дозвола за нова инвестиција вредна 4 милиони евра, се формира нова компанија за осигурување живот

По пауза од шест години на македонскиот пазар на осигурување живот се формира нова осигурителна компанија во која словенечки сопственици ќе вложат 4 милиони евра. Оваа инвестиција е доказ дека актуелниот менаџмент на АСО во соработка со другите финансиски институции активно ја подобрува деловната клима и создава услови за вложувања во осигурителниот бизнис

Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) издаде дозвола за работа на нова осигурителна компанија „Прва живот“. Оваа  компанија ќе нуди осигурување живот на нашиот осигурителен пазар. Основач и единствен сопственик на новоформираното друштво за осигурување живот е словенечкиот осигурителен холдинг ПРВА ГРУП (SKUPINA PRVA, zavararovalniski holding, d.d).

Словенечката групација е реномиран холдинг кој две децении управува со пензиски фондови во Словенија, Србија, Македонија и на Косово. Групацијата има осигурителна компанија во Словенија, а се очекува нивниот влез на нашиот осигурителен пазар да ја подобри конкурентноста во секторот и да придонесе во збогатување на понудата на производи за осигурување живот.

Во новоформираното осигурително друштво словенечката компанија вложи 4 милиони евра колку што изнесува и основачкиот капитал на „Прва живот“. Средствата се депонирани на посебна девизна сметка на централната банка.

Советот на експерти на АСО на редовната седница го донесе решението за издавање дозвола со која „Прва живот“ ќе врши работи на осигурување во рамките на групата на осигурување на живот во класата 19  – осигурување на живот.

„Прва живот“ ќе започне со работа во рок од шест месеци од денот на издавање на дозволата за работа, а седиштето на компанијата ќе биде во Скопје. За извршен член на одборот на директори е именуван Предраг Милошевски.

АСО го задолжи друштвото да назначи овластен актуар во рок од два месеци од уписот на друштвото во трговскиот регистар.

„Прва живот“ ќе биде шеста компанија на македонскиот пазар за осигурување живот на кој сега работат „Кроација осигурување – живот“, „Триглав живот“, „Граве“, „Винер Лајф ВИГ“ и „Уника Лајф“.

Во првите шест месеци граѓаните во петте компании за осигурување живот вложиле над 14 милиони евра во осигурување живот.

На нашиот осигурителен пазар се вложува во три групи производи за осигурување живот. Во вкупното осигурување живот најголемо учество имаат вложувањата во осигурување со штедна компонента. Овој продукт овозможува осигуреникот по истек на договорот за осигурување да ги добие вложените средства зголемени со камата. Уплатите на осигурениците кои го имаат овој тип на осигурување се вложуваат во банкарски депозити во државни обврзници или други безризични финансиски инструменти.

Официјалните податоци на компанииите за осигурување живот покажуваат дека најголем раст на продажбата има животното осигурување кое нема штедна компонента.  Со него во случај на смрт за времетраење на договорот се исплаќа осигурена сума на член на семејството или на друг корисник на осигурувањето. Но доколку не се случи ризикот до истек на договорот за осигурување сите вложени средства ги задржува осигурителната компанија која го превзела ризикот да исплати средства во случај на смрт на осигуреното лице.

Осигурувањето живот во кое ризикот од вложување на средствата го превзема осигуреникот е најновиот осигурителен продукт од палетата на животни осигурувања на нашиот пазар. Овој продукт е популарно познат како „јунит линкд“ осигурување. Кај ова осигурување значаен дел од парите се вложуваат во инвестициски фондови, избрани од осигурениците, чии пазарни цени зависат од движењата на регионални и глобални пазари на капитал.




Доколку преземете содржина (статија или оглас) од ОСИГУРУВАЊЕМАГАЗИН задолжително наведете „Извор: ОСИГУРУВАЊЕМАГАЗИН“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено
Total
0
Shares
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Posts

Креативна едукативна игра “Помалку ризик, повеќе забава”

АСО се труди да го презентира практичниот аспект од финансиската едукација и да делува како надополнување на формалното образование за да ги подготви младите со претприемачки способности после школувањето.

Едукативната друштвена игра „Помалку ризик – Повеќе забава“ има за цел подигнување на степенот на финансиска писменост кај младите луѓе. Важно е да се зајакнува свеста кај младите за важноста за ризиците кои не опкружуваат: важноста за осигурување на животот и имотот. Целта на оваа игра е преку забава да се поттикне свеста за ризиците и да се запознаат младите со можностите во управување со ризиците кои ги нуди осигурувањето во различни фази од животот.

Играта се игра на различни нивоа:

Ниво1 (за лица до 12 години). Учесниците треба да ги идентификуваат ризиците и да размислат како да ги избегнат или барем минимизираат.

Ниво 2 (за лица со познавање на осигурителниот сектор). Учесниците треба да истакнат како може да се осигуруваат себе си од можните ризици (на пример со пренесување на ризикот преку склучување на договор за осигурување).

Суштината на играта за двете нивоа е да се разговара за разните ситуации и вклучените ризици со цел да се разменат искуства и перспективи. Младите треба да се поттикнуваат да пробуваат нови работи, но истовремено да ги знаат можните ризици, да научат како да се справат со нив и со тоа да ги надминат. Играчите во играта се стекнуваат со различни улоги, како на пример улога: на дете, тинејџер, млада возрасна личност, родители, баба, дедо. Играчите преку влечење на карта добиваат улога, ја анализираат конкретната ситуација и презентираат предлог решение кое носи поени од 0-3. Поените се собираат, за секој добиен поен играчот се поместува за едно поле напред.

„Помалку ризик – Повеќе забава“ има за цел играчите низ игра да поминат низ различни фази на животот и преку разновидни ризични ситуации да поминат со што помали претрпени штети од ризикот и да ја постигнат крајната цел, да ја подобрат својата благосостојба, да остарат здраво и среќно.

АСО ги поканува заинтересираните основни и средни училишта, факултети, да ги контактираат доколку сакаат да обезбедат примерок од играта бидејќи истата овозможува унапредување на знаењето на младите за финансиските поими, обезбедува да бидат свесни за финансиските можности и ризиците со цел сигурно да ја планираат својата иднина.

Потпишана Спогодба за присоединување на ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп Скопје, кон МАКЕДОНИЈА осигурување АД Скопје-Виена Иншуренс Груп

На ден 20.12.2023 година се потпиша Спогодба за присоединување со која ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп АД Скопје, како Друштво што се присоединува, се присоединува кон МАКЕДОНИЈА oсигурување АД Скопје – Виена Иншуренс Груп, како Друштво што презема, со универзален пренос на целокупниот имот и правата и обврските на ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп АД Скопје во замена за акции издадени од МАКЕДОНИЈА oсигурување АД Скопје – Виена Иншуренс Груп, во согласност со позитивното законодавство. По завршување на постапката за статусни промени ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп АД Скопје престанува да постои без ликвидација.

14 НОВИ АКТУАРИ – Врвни математичари кои успешно завршија двегодишна обука,ќе ја зајакнат осигурителната индустрија

Актуарот  е висококвалификуван математичар со солидни познавања на економијата и е релативно редок стручен профил за кој има потреба особено сегментот на осигурувањето и пензиските фондови. На нашиот финансиски пазар овој висок стручен профил се уште е дефицитарен. Токму заради зголемувањето на бројот на актуари во осигурителната индустрија актуелниот менаџмент на АСО во периодот од 2021 до 2024 година организира два едукативни циклуси за актуари, а првиот од нив успешно го завршија 14 кандидати. За тоа колку е ценета професијата актуар во глобалниот свет на финансиите говори фактот што во изминативе две децении овој профил секогаш, без исклучок, е меѓу најпосакуваните и најдобро платените 20 професии

Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) издаде уверенија за успешно завршена обука на 14 лица – врвни математичари кои успешно ја завршија двегодишната обука и ги положија сите 15 стручни предмети. Нивната суб-специјалност е да креираат математички модели за проценка и управување со ризиците кои ги превземаат осигурителните компании. Обуката за звање овластен актуар траеше две години, а започна во 2021 година.

Овие лице во период од 2 години успешно ги положија испитите: веројатност и статистика, финансиска математика, схоластичко моделирање, актуарска математика, економија, неживотно осигурување, осигурување живот, модели на доживување, економија, инвестиции и управување со средства, здравствено осигурување, пензиско осигурување, сметководство во осигурувањето, регулатива и етика.

По тој повод Крсте Шајноски, претседател на Советот на експерти на АСО при доделувањето на уверенијата на актуарите истакна:

-Воопшто  не беше мала работа, после пауза од 7  години да се организира и успешно спроведе обука за актуари на потребното ниво на квалитет кое ќе ги задоволи стандардите која ова професија ги бара. Се работи за голема садисфакција, затоа што на финансискиот пазар обезбедуваме исклучително потребен,  а редок, значаен субспецијализиран кадар кој има капацитет и знаење активно да помогне во подигањето на квалитетот во работата на нашата осигурителна индустрија и во крајна линија да придонесе во растот и развојот на осигурувањето.

Актуелниот менаџмент на АСО во овој мандат организира две обуки за актуари од кои едната заврши успешно со промоција на 14 лица во актуари, а другата е во тек и треба да заврши идната година. Последна претходна обука и стручен испит за актуари имало во периодот 2014 – 2016 година.

Актуарите се стручњаците во осигурителни компании и во друштвата кои управуваат со пензиски фондови и тие се специјализирани да создаваат математички модели за проценка и управување со ризиците кои ги осигуруваат компаниите. Колку е ценета нивната работа докажува тоа што во последниве две децении на глобално ниво оваа професија секогаш без исклучок е меѓу најпосакуваните 20 професии глобално.

Што се однесува до процесот на едукација за актуар значајно е да се истакне дека бара претходни солидни познавања од математика, статистика, веројатност и демографија и дека процесот  на обука и полагање стручни испити трае околу две години. Во Македонија има трисетина актуари. Тие имаат свое здружение кое се вика „Актуар“ и е дел од глобалната мрежа на овие професионалци. АСО води и официјален регистар на овластени актуари достапен на следниот линк https://aso.mk/registar-na-aktuari/

Основната дејност на друштвата за осигурување е да покриваат различни видови ризици (во дејностите на неживотно и на животно осигурување). Тоа наједноставно кажано значи дека актуарите се носители на основните бизнис процеси особено во осигурителните компании. Затоа што тие треба да развијат математички модели кои ќе ги предвидуваат можните ризици врз основа на што пак менаџерските тимови на компаниите ќе ги поставуваат и ќе ги спроведуваат бизнис стратегиите на компаниите. Основата на целиот осигурителен бизнис е содржана во моделите кои ги создаваат актуарите.

ОДГОВОРНОСТА ЗА ЖИВОТ – ВПИШАНА ВО КОДОТ НА ХАМУРАБИ (ДЕЛ 1)

Автор: Предраг Милошевски, Извршен Директор на ПРВА ЖИВОТ

Животното осигурување е одлука за инвестирање во сопствениот живот, која не треба да се одложува. Но како почнало сè и како се развила свеста кај човекот дека треба да го осигура својот живот?

Мотивите и потребите на нашите осигуреници, како и нивните можности се многу разновидни, но она што првично се издвојува како суштинска потреба е желбата да обезбедиме сигурност и заштита за себе и за нашите семејства. Полисата за животно осигурување е финансиска заштита во случај на немил настан, за нас самите или за членовите на нашето семејство.

Почетоците на животното осигурување датираат уште од антиката, дури во вториот милениум пред нашата ера. Имено, првиот напишан закон на вавилонскиот крал Хамураби содржи делови кои се смета дека се однесувале на регулирање на одреден вид на животно осигурување.

Сепак, првите конкретни докази и елементи на животно осигурување се појавуваат во антички Рим, во вториот век пред нашата ера, во форма на т.н. солидарни клубови, каде што војниците уплаќале месечни или годишни премии, со цел доколку го загубат животот, трошоците за нивниот погреб да не паднат на товар на нивните семејства. Според верувањата на Римјаните, доколку немаат соодветен погреб, немало да имаат ни соодветен задгробен живот. Но, овие практики се губат со падот на Западното римско царство.

Животното осигурување повторно се појавува во средниот век, во форма на осигурување на трговците кои се занимавале со прекуморска трговија, a првата официјална полиса за животно осигурување била издадена во Лондон, во 1583 година. Сепак, сè уште не постоеле соодветни алатки за проценка на ризикот и многу од тогашните осигурители банкротирале.

Во 1693 година, британскиот астроном и математичар Едмунд Халеј (познат по Халеевата комета) прв почнал да користи статистички податоци за родени и починати лица при пресметка на доживотни ануитети, што подоцна довело до развивање на таблиците на смртност, како и до нивна примена во животното осигурување.

Набргу потоа се појавуваат и првите компании за животно осигурување, пред сè во Англија и во Соединетите Американски Држави. Со текот на времето се развиваат алатки кои ги користат статистичките податоци за раѓање и смртност и со помош на нив развиваат модели за проценка на ризикот во животното осигурување.

Од тогаш, па сè до денес, иако постојано се модернизира, користи сè пософистицирани модели на пресметка и сè понови технологии, суштината на животното осигурување е непроменета. Животното осигурување служи за да ги обезбеди лицата за кои корисникот на истото е одговорен, доколку нему му се случи да го загуби животот или не биде во можност да им пружи соодветна грижа.