Blog

Креативна едукативна игра “Помалку ризик, повеќе забава”

МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ

АСО се труди да го презентира практичниот аспект од финансиската едукација и да делува како надополнување на формалното образование за да ги подготви младите со претприемачки способности после школувањето.

Едукативната друштвена игра „Помалку ризик – Повеќе забава“ има за цел подигнување на степенот на финансиска писменост кај младите луѓе. Важно е да се зајакнува свеста кај младите за важноста за ризиците кои не опкружуваат: важноста за осигурување на животот и имотот. Целта на оваа игра е преку забава да се поттикне свеста за ризиците и да се запознаат младите со можностите во управување со ризиците кои ги нуди осигурувањето во различни фази од животот.

Играта се игра на различни нивоа:

Ниво1 (за лица до 12 години). Учесниците треба да ги идентификуваат ризиците и да размислат како да ги избегнат или барем минимизираат.

Ниво 2 (за лица со познавање на осигурителниот сектор). Учесниците треба да истакнат како може да се осигуруваат себе си од можните ризици (на пример со пренесување на ризикот преку склучување на договор за осигурување).

Суштината на играта за двете нивоа е да се разговара за разните ситуации и вклучените ризици со цел да се разменат искуства и перспективи. Младите треба да се поттикнуваат да пробуваат нови работи, но истовремено да ги знаат можните ризици, да научат како да се справат со нив и со тоа да ги надминат. Играчите во играта се стекнуваат со различни улоги, како на пример улога: на дете, тинејџер, млада возрасна личност, родители, баба, дедо. Играчите преку влечење на карта добиваат улога, ја анализираат конкретната ситуација и презентираат предлог решение кое носи поени од 0-3. Поените се собираат, за секој добиен поен играчот се поместува за едно поле напред.

„Помалку ризик – Повеќе забава“ има за цел играчите низ игра да поминат низ различни фази на животот и преку разновидни ризични ситуации да поминат со што помали претрпени штети од ризикот и да ја постигнат крајната цел, да ја подобрат својата благосостојба, да остарат здраво и среќно.

АСО ги поканува заинтересираните основни и средни училишта, факултети, да ги контактираат доколку сакаат да обезбедат примерок од играта бидејќи истата овозможува унапредување на знаењето на младите за финансиските поими, обезбедува да бидат свесни за финансиските можности и ризиците со цел сигурно да ја планираат својата иднина.

Доколку преземете содржина (статија или оглас) од ОСИГУРУВАЊЕМАГАЗИН задолжително наведете „Извор: ОСИГУРУВАЊЕМАГАЗИН“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено
Total
0
Shares
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Posts

ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп АД Скопје објави известување за статусна промена – присоединување

Осигурителното друштво Винер-Виена Иншуренс Груп АД Скопје со претседател на Управен одбор Климе Попоски на 15.05.2023 објави известување за Статусна промена – присоединување, при што Акционерското друштво за осигурување ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп Скопје (како друштво што се присоединува) ќе се присоедини кон Акционерското друштво за осигурување и реосигурување МАКЕДОНИЈА Скопје – Виена Иншуренс Груп (како друштво што презема).

Известување за статусна промена – присоединување

Асоцијацијата на осигурително брокерските друштва во кампања за финансиска едукација

Во рамки на Глобалната недела на парите која се одржува под мотото „Заштити ги своите пари, осигурај ја својата иднина“ , Асоцијацијата на осигурително брокерските друштва се вклучи со едукативен настан – предавање за студентите од трета и четврта година на Економскиот факултет во Скопје, при универзитеот Св. Кирил и Методиј.

Ваквите настани треба да придонесат за зајакнување на свесноста за потребата од осигурување, правата на осигурениците, промоција на финансиската едукација и подигање на јавната свест за значењето на осигурувањето.

Оваа активност е дел од континуираните напори на Агенцијата за супервизија и членките на платформата за финансиска писменост во осигурувањето, а во рамки на Националната стратегија за финасиска едукација и финансиска инклузија која е дел од заложбите на сите финансиски регулатори за унапредување на состојбите во финансискиот сектор во земјава.

Претседателот на Асоцијацијата, д-р Оливера Клинчарова ги презентираше осигурително – брокерските работи и нивната улога во процесот од снимање на ризик и сите законски и етички обврски во процесот на посредување, наплата на премија, укажување на помош во текот на траењето на договорот и стручна помош при настанување на осигуран случај. Исто така беше истакната можноста за студентите да остваруваат практична работа во секторот осигурување како динамична стопанска дејност, а понатаму и да продолжат со едукација и лиценцирање во оваа област.

А1 Македонија овозможува осигурување на екран на телефон

Во најновата промоција А1 Македонија овозможи осигурување на екранот на смарт телефонот веднaш при самата набавка. Имено, со набавка на смарт телефон корисникот добива можност да се одлучи за осигурување на екранот, а со новата промоција го добива бесплатно за првите три месеци. По истекот на бесплатниот период, корисникот ќе продолжи да го користи осигурувањето и тоа по исклучително атрактивна цена почнувајќи од само 49 ден/месечно.

Како се склучува за осигурување на екран?

Осигурувањето на екранот може да се активира веднаш при купувањето на уредот во кое било продажно место на А1. За оваа услуга нема договорна обврска, односно може да биде откажана во секое време.

Осигурувањето е во зависност од цената на уредот. За уреди до 19.999 ден. цената за осигурување на екран изнесува 49 ден./месечно, а учеството во штета е 750 денари. За уреди над 20.000 ден. цената е 199 ден./месечно, а учеството во штета е 2.500 денари. Плаќањето е преку сметката на А1.

Што во случај на кршење на екранот?

Штетата настаната поради кршење на екранот корисникот треба да ја пријави со повик на Корисничката поддршка за осигурување на бројот 0800 5 1111.

Каде да го однесете уредот?

Осигурениот уред корисникот веднаш треба да го однесе во најблиското продажно место на А1 и уредот ќе биде поправен од страна на овластениот сервис.

НАСТАН КОJ ЌЕ ГО ОДБЕЛЕЖИ НАЦИОНАЛНИОТ ДЕН НА ОСИГУРУВАЊЕТО 1 НОЕМВРИ

На 1.11.2023 во просториите на Стопанска комора (голема сала на 5кат) во 10:30 часот ќе се одбележи Националниот ден на осигурувањето

Агенда на настанот:

1 дел

-Отварање на настанот со кратки пригодни воведни обраќања

-Доделување 14 стипендии на студентите од ПМФ

-Заедничка фотографија

2 дел

Панел дискусија: Како растот на осигурувањето да го трансформираме во развој?

Учесници:

Крсте Шајноски-Претседател на Советот на експерти на АСО

Претставник на Министерство за финансии

Бранко Азески-Преседател на Стопанска комора

Христина Џамбазовска Анастасов -Трилав осигурување Живот

Климе Попоски-Винер-Виена Иншуранс Груп

3 дел

-Презентација и доделување награда на млад истражувач за труд од областа на осигурувањето и управување со ризици

4 дел

-Коктел во ресторан “Raguza 360 “Rooftop”