МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ

Интервју

Д-р Оливера Клинчарова

[Претседател на Асоцијацијата на осигурително-брокерски друштва]

ДЕЛТА ИНС БРОКЕР АД СКОПЈЕ

Д-р Оливера Клинчарова|Претседател на Асоцијацијата на осигурително-брокерски друштва

Во целост ги пренесуваме ставовите и очекувањата на д-р Оливера Клинчарова-Претседател на Асоцијација на осигурително-брокерски друштва и сопственик на Делта ИНС Брокер АД Скопје

Oсигурување магазин:Како изгледаше вашата кариерна патека, како се вљубивте во осигурителната дејност?

О.Клинчарова:Во животот, како и во работата, секогаш ме водеше желбата за продлабочување на знаењата и искуствата на различните аспекти на економијата, така да работев во повеќе компании, на различни позиции, при што и практично и теоретски ги користам моите овластувања како осигурителен брокер, инвестиционен советник, сметководител и вешто лице.

Областа на осигурувањето е посебно интересна и тука започнав пред се во областа на контрола на побарувањата, финансиите и вложувањата, а подоцна и управувањето со ризици и нормално штетите како краен момент каде се судираат сите претходно направени дејствија при преземање на ризик и издавање на полиса за осигурување.

Во меѓувреме не го запоставував ни академскиот труд, така да магистрирав на меѓународна Европска Темпус програма на тема Солвентност на осигурителни компании од аспект на европското право, а една деценија подоцна докторирав на тема Супервизијата на осигурувањето и нејзиното влијание врз стабилноста на финансискиот систем.

Oсигурување магазин:Вие сте претседател Асоцијацијата на осигурително-брокерски друштва. Која е целта на Асоцијацијата на осигурително-брокерски друштва и кои се активностите кои ги врши?

О.Клинчарова:Со цел унапредување на работењето и решавање на тековните проблеми, осигурително-брокерските друштва на 06.07.2011 година формираа Асоцијација на осигурително-брокерски друштва како форма на организирање и работење во рамките на Стопанската комора на Македонија. Во Асоцијацијата се поканети да членуваат сите осигурително-брокерски друштва. Во 2022 година бев избрана од своите колеги, компаниите-членки, за нов претседател Асоцијацијата на осигурително-брокерски друштва.

Асоцијацијата своите активности ги насочува кон унапредување на бизнис-климата во земјата и поттикнување на имплементацијата на европски правила и стандарди во работењето, со цел за остварување на подобри резултати и унапредување на осигурителната заштита на клиентите.

Асоцијацијата развива партнерска соработка со супервизорот, Агенцијата за супервизија на осигурувањето и Групацијата на осигурувањето во рамките на Здружението на финансиски организации, и зема активно учество во проекти за услугите кои се нудат на осигурениците и заштита на правата на осигурениците во случај на штетен настан, како и пошироки финански проекти кои се наменети за финансиска едукација и финансиска инклузија.  

На денот на осигурувањето, 1 Ноември, заеднички одржавме манифестација за одбележување на националниот ден на осигурувањето во Македонија со панел дискусија на актуелни теми поврзани со тековните состојби,предизвици и перспективи на националната осигурителна индустрија – како да креираме модел на одржлив раст и развој во интерес на осигурениците,осигурителните друштва и интермедијарите, на Економскиот факултет во Скопје, како и други настани. Во јуни е планиран настан организиран во соработка со Институтот за ревизори, каде ќе одржиме предавање од аспект на практичните потреби за осигурување, кои би биле применливи при ревизијата на компаниите, и други новини во осигурувањето.

Oсигурување магазин:Како се регулирани осигурително-брокерски друштва? Во Македонија последниот период се зголеми бројката на брокерски осигурителни друштва, дали сметате дека има капацитет осигурителниот пазар за нови друштва?

О.Клинчарова:Работењето на осигурително-брокерските друштва е регулирано во Законот за супервизија на осигувањето, согласно кој нашите услуги за клиентите, правни и физички лица, се без надомест и главно се однесуваат на укажување помош во текот на важењето на договорот за осигурување, како пред така и по настанување на осигурениот настан а особено да обезбеди дека осигуреникот ги извршил сите правни дејствија во предвидените рокови кои се предуслов за стекнување и уживање на правата кои произлегуваат од договорот за осигурување. Стратешка цел е обезбедување на оптимален квалитет на осигурување со имплементирање високо ниво на услуга во сите сегменти од спроведувањето на осигурителниот процес.

Осигурително-брокерските друштва преку своето дејствување, како претставници на клиентите и воедно како посредници меѓу осигурениците и осигурителните компании, можат да придонесат многу за развојот на самата осигурителна дејност, пред се, преку согледување на реалните потреби на осигурениците и нивно обезбедување преку соодветните понуди на осигурителните компании.

Секое осигурително-брокерско друштво задолжително поседува и полиса за осигуруваање од професионална одговорност, од минимум 250.000 еур по штетен настан, така да слободно може да се толкува дека осигуреникот е “двојно” осигуран.

Согласно податоците на достапни на веб страната на Агенцијата за супервизија на осигурувањето, во структурата на каналите на продажба кај неживотното осигурување, најголемо учество зазема директната продажба, а потоа следи продажбата преку осигурително брокерски друштва со над 30%, при што најчесто се застапени полисите за автоодговорност, па следат осигурувањети на живот и имотните осигурувања.

Во структурата на каналите на продажба кај осигурувањето на живот, најголемо учество во продажбата заземаат осигурително-брокерски друштва со над 43%.

Оттука го гледаме и потенцијалот за раст на бројот на осигурително-брокерските друштва, но истовремено мора да се напомене дека постапката за нивно основање и работење ги следат строгите правила согласно Законот за супервизија на осигурувањето, како и Законот за трговски друштва, бидејќи според Закон истите се основани како акционерски друштва. Исто така имаше и активности на одземање на лиценци на неколку осигурително брокерски друштва од страна на супервизорот, како конечна супервизорска мерка.

Oсигурување магазин:Какви активности и престојат на Асоцијацијата со цел развој на осигурителната дејност?

О.Клинчарова:Професионалните здруженија го бранат интересот на професијата и долгорочното јакнење на јавната доверба во осигурувањето. Ние како Асоцијација се вклучуваме во европските текови и хармонизацијата на европското право од осигурителната област. Во врска со ова ги следиме и придобивките и резултатите од примената на европската Директива за дистрибуција на осигурувањето, која треба да се иплементира и во нашето законодавство.

Во тек е подготовка на нова законска рамка за осигурување, на која се работи во Министерството за финансии, а исто така актуелна е новата шема за земјоделско осигурување, која подолг период се подготвува во Министерството за земјоделие и која би значела креирање на еден осигурителен пул, со цел поголем опфат на осигурувањето на посевите и плодовите, како најранлива катергорија при настанување на катастрофални ризици во земјоделието поради климатските промени. Исто така, како алка во дистрибуцијата на осигурување, вклучени сме во проектот Платена полиса на Националното биро за осигурување и осигурителните компании во земјава.

Дополнително имаме намера да се иницира континуирана едукација на нашите членки, затоа што светот и бизнисите се соочуваат со нови глобални ризици, почнувајќи од сајбер ризиците, одговорноста, природните катастрофи и улогата на вештачката интелегенција.

Oсигурување магазин:На каков бизнис модел работи вашето друштво, ДЕЛТА ИНС БРОКЕР АД?

О.Клинчарова:Осигурителното брокерско друштво Делта ИНС Брокер АД е формирано во 2009 година и се ближи кон својата јубилејна 15 годишнина. Имено, друштвото започна со работа меѓу првите друштва основани согласно Законот за супервизија на осигурувањето од 2002 година, кога осигурително-брокерските работи беа многу непознати за осигурениците, како и придобивките од бесплатната советодавна улога на лиценцираните осигурителни брокери во областа на осигурувањето, а посебно во моментите на настанување на штетен настан.

Нашето друштво се потпира на долгогодишното искуството генерирано во различни осигурителни компании, пред се ставајќи акцент на покривање на ризиците на работењето на нашите клиенти со осигурително покритие, пред се кај комплексните имотни осигурувања, различните видови на одговорност, заштита на вработените, како и советување на бизнисите за обезбедување на континуитет во работењето преку соодветно осигурително покритие за покривање на финансиски загуби и прекин на работа.

Oсигурување магазин:Оливера за крај, што мислите за нашиот портал, за нашата идеjа да ја подигнеме свеста за осигурувањето во Македонија?

О.Клинчарова:Секако е за поздравување! Размената на информации, гледишта и ставови е многу важно за нашата работа. Дополнително преку Вашиот портал се запознав со колеги кои работат различни сегменти во осигурителниот бизнис.




Доколку преземете содржина (статија или оглас) од ОСИГУРУВАЊЕМАГАЗИН задолжително наведете „Извор: ОСИГУРУВАЊЕМАГАЗИН“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено