МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ

Интервју

Садик Шабан

[Директор на Сектор за Маркетинг и Продажба]

Халк Осигурување АД Скопје

Садик Шабан | Халк Осигурување АД Скопје

Во целост ги пренесуваме ставовите и очекувањата на Садик Шабан-Директор на Сектор за Маркетинг и Продажба во Халк Осигурување АД Скопје

Осигурување магазин:Како изгледаше вашата кариерна патека? Што е тоа што ве натера да го одберете осигурителниот сектор како професија, после долгогодишно искуство во банка?

Садик Ш:Искуството кое го стекнав во Халкбанк, работејќи долги години како Директор на филијала, потоа и како Директор на Дирекција за продажба на мали и средни претпријатија, ми даде сигурност, знаење и искуство од многу области на банкарството и ми ги отвори хоризонтите за согледување на потенцијалот и на другите финансиски дејности како што е осигурувањето. Промената  од Халкбанк во Халк Осигурување не ја доживеав како класична промена на компанија во која се запознаваш и прилагодуваш кон нови колеги, клиенти, соработници, туку повеќе како промена на позиција во рамки на истиот акционер под брендот Халк, од причина што со голем дел од сегашните колеги и клиенти и претходно тесно соработувавме на повеќе проекти. Банкарството и осигурувањето се две комплементарни финансиски дејности кои се надополнуваат една со друга и воден од идејата дека стекнатото знаење и искуство би можел да го проширам и надградам во нова финансиска област, ми носи голем  предизвик. Задоволство ми е што сум дел од процесот на поврзување на Халкбанк со Халк Осигурување и нашиот заеднички настап на пазарот, бидејќи според мене, тоа е клучот за успех на еден финансиски бренд.

Осигурување магазин:Во кои осигурителни класи има потенцијал на македонскиот пазар? Кон што ќе биде ставен фокусот во иднина?

Садик Ш:Агенцијата за супервизија на осигурувањето редовно ги следи движењата на пазарот и известува за трендовите. Во оваа прилика би сакал да ја поздравам и нивната најнова активност, а тоа е месечна анализа на главните параметри и пазарно учество за секоја од осигурителните компании. Ваквите податоци ни се од особена важност во креирањето стратегијата, откривањето на потенцијалите на пазарот и трендот на барањата од клиентите.

Во моментов, според македонската регулатива, сѐ уште единствено задолжително осигурување е автоодговорноста и зелената карта при патување во странство и следствено на тоа, најголем дел од бруто полисираната премија сѐ уште припаѓа на овој вид осигурување. Според анализите за првиот квартал од оваа година, класата за автоодговорност учествува со 40% од вкупната премија, додека пак сите останати 17 класи имаат значително пониско учество. За класата осигурување на имот која учествува со 12% во вкупната бруто премија за првиот квартал во 2023 година, сигурен сум дека постои голем потенцијал бидејќи некои неофицијални анализи покажуваат енормно ниски проценти на осигурани домови (околу 5-6%) од вкупниот број станови и куќи во државата.

Здравственото осигурување е сѐ поатрактивен производ во нашата индустрија и сѐпоголем број компании го нудат како бенефит на своите вработени. Конкуренцијата меѓу сите нас, осигурителните компании, кои го нудат ова осигурување, го носи производот на сѐ повисоко ниво во насока на подобра здравствена заштита на корисниците. Натпреварот не е секогаш во цената на чинење на еден производ, туку и во осигурените покритија и достапните услуги кои ги нудиме. Ние, нашите клиенти секогаш ги советуваме дека премијата е само еден дел кој треба да влијае во донесувањето одлука, односно многу поважно е јасно и транспарентно да ги побараат сите услови од понудата со цел да бидат сигурни при несакан случај кои ризици и лимити им следат.

Во месец мај оваа година, во соработка со Халкбанк АД Скопје, за првпат го лансиравме производот кредитно осигурување на потрошувачки кредити и опфативме нови ризици кои до сега не беа вклучени во кредитен производ на банката како невработеност и боледување. Поддршката која ја добиваме од нашиот акционер Халкбанк АД Скопје е безрезервна во секој поглед и ни дава сигурност во настапот на пазарот, но и обврска да ги исполниме очекувањата и да испишеме успешна приказна.

Осигурување магазин:Има голем број неосигурени станови и куќи, недвижнини. Какви се вашите планови и цели за да се подигне свеста кај граѓаните за имотното осигурување?

Садик Ш:Следствено на она што претходно го наведов, соодносот на бројот на домови наспроти осигурување на истите е процент кој е поразителен за сите нас од оваа фела. Но, не ни преостанува друго освен активно подобрување на условите на производите и едукација на клиентите и продавачите во насока на подигнување на свеста за неопходноста на осигурувањето. Минатиот месец воведовме три нови пакети за домаќинско осигурување: основен, стандарден  и платинум, кои се разликуваат во покритијата движејќи се од помало кон пошироко покритие и на тој начин да ги опфатиме сите барања на клиентите. Со цел транспарентно да се претстават новите пакети со сите нивни услови, организиравме обуки на цела наша продажна мрежа во насока да им се посочат позитивните страни на производот. Со овој производ секој клиент ќе биде максимално заштитен и со самото купување на полисата ќе биде запознаен со ризиците кои се опфатени и осигурените суми.

Осигурување магазин:Моментално во сите дејности не само во Македонија, се случува и во целиот свет, да има постојана промена на работните места на вработените. Како ги мотивирате вашите вработени?

Садик Ш:Зад нас стои силен бренд, како во Македонија, така и пошироко во регионот . Флуктуацијата на вработените кај нас во овој момент е сведена на минимум, бидејќи условите кои ги имаме за нашите вработени се на високо ниво и сите заедно работиме напорно, со многу љубов  и посветеност верувајќи дека ќе постигнеме одлични резултати кои ќе придонесат во подобрување на условите уште повеќе. Нашите вработени ја чувствуваат силата на брендот и поддршката која ја добиваме како дел од Халк групацијата и чувството на припадност кон компанијата кое го негуваме е фактор што нѐ одржа заедно и во турбулентните денови кои се веќе минато. Постојаното вложување во развој на човечките ресурси е основата за успех во една компанија, бидејќи колку и да доаѓаат модерни времиња и голем дел од услугите да се дигитализираат, посветен, стручен, задоволен кадар е движечката сила.

Осигурување магазин:Кој е клучот за успешен тим како што е вашиот?

Садик Ш:Искреност, посветеност, достапност! Јас како човек секогаш сум за отворен пристап кон проблемите и транспарентен разговор за сѐ со што се соочуваме. Доколку со отворени карти пристапуваме кон сѐ, решението секогаш ни е на дофат. Се трудам мојот пристап кон работата да го пренесам и на тимот и да функционираме секој ден сѐподобро. Само тим кој работи со емпатија и синергија меѓу себе, воден кон иста цел, може да бележи успеси.

Осигурување магазн:Што е она кое ве мотивираше вас и ви беше поттик за успех во осигурителниот пазар? Кои се вашите цели и планови во иднина?

Садик Ш:Успесите на компанијата допрва ќе следат, бидејќи на пазарот настапуваме полека но сигурно. Горди сме што во нашето портфолио ги имаме дел од големите корпоративни компании на македонскиот пазар и задоволни сме кога ја оправдуваме нивната одлука да нѐ изберат за партнер компанија во делот на осигурување. Вмрежувањето на клиентите на Халкбанк, како физички така и правни лица, ни е од исклучителна важност и огромен потенцијал за понатамошен раст и развој. Вложувањето во нови софтверски решенија со цел подобрување на производите и услугите е исто еден од проектите на кои активно работиме оваа година и кои ќе донесат нови бенефиции како за нашите вработени, така и за клиентите на компанијата.

Осигуруавње магазин:Садик за крај, што мислите за нашиот портал, за нашата идеjа да ја подигнеме свеста за осигурувањето во Македонија?

Садик Ш:Секоја чест за вашата иницијатива и како што редовно ја следам вашата работа напредокот кој го бележите од ден во ден е за секоја пофалба. Зголемување на свесноста за осигурувањето ни е потребна на сите нас, без разлика на која страна од „приказната” стоиме. Како осигурувач нам ни е од исклучителна важност клиентот да е колку што е можно поупатен, свесен за неизвесноста и секогаш да бара од нас детални информации за продуктите. Така, ние ќе ја подобруваме нашата услуга, ќе креираме подобри производи, ќе ги намалуваме последиците од несакани ситуации се со цел нашите клиенти да бидат задоволни. Имаме уште многу напорна заедничка работа, но предизвикот е секогаш добредојден бидејќи за секој труд наградата не изостанува и резултатите што ќе ги постигнеме, несомнено тврдам, дека ќе бидат одлични.




Доколку преземете содржина (статија или оглас) од ОСИГУРУВАЊЕМАГАЗИН задолжително наведете „Извор: ОСИГУРУВАЊЕМАГАЗИН“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено