Blog

Што е важно да се информирате кога купувате патнично осигурување?

МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ
МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ МАГАЗИН ОСИГУРУВАЊЕ МИСЛЕЊА НОВОСТИ ИНТЕРВЈУ

Морате да се информирате колку што е можно повеќе пред да одберете некој осигурителен производ или услуга.

Одговорете си ги следните прашања за да можете да бидете сигурни кои трошоци ќе ви бидат покриени и под кои услови.

  • дали осигурувањето покрива трошоци кои настанале поради потреба од итна медицинска
  • помош (итен лекарски преглед/третман, итен болнички третман, итна операција,интензивен третман…);
  • територијална важност на осигурувањето (за кои земји важи осигурувањето),
  • кои се вашите права и обврски кои произлегуваат врз основа на купеното осигурување;
  • почеток и траење на осигурувањето (осигурувањето може да се склучи за период од најмногу 365 дена);
  • дали сите ризици се опфатени со покритието на осигурувањето;
  • кои ризици се исклучени од осигурувањето;
  • дали како осигуреник имате франшиза т.е учество во износ на штета и со колкав износ;
  • дали осигурувањето може да се купи без франшиза т.е учество во износ на штета;
  • која документација е потребна за да се пријави штета;
  • која е процедурата за да се пријави штета;
  • која е процедурата за да поднесете претставка/жалба доколку не сте задоволни од услугата;
  • секогаш добро прочитајте ги и запознајте се со УСЛОВИТЕ под кои се склучува патничкото осигурување



Доколку преземете содржина (статија или оглас) од ОСИГУРУВАЊЕМАГАЗИН задолжително наведете „Извор: ОСИГУРУВАЊЕМАГАЗИН“ на крајот на статијата со hyperlink кој ќе води од преземената содржина. Преземањето на интервјуа не е дозволено. Повеќе за условите за користење е наведено
Total
0
Shares
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Posts

Човечки ресурси во осигурителниот сектор!

Денес кога има голем раст на осигурителниот пазар, жестока конкуренција,секојдневната улога на HR станува неопходна. Предизвиците може да бидат многу : задржување на талентирани вработени, привлекување нови таленти, подготовка на вработениот да ги прифати предизвиците, олеснување на здравата работна култура за вработените и подобри перформанси.

Степенот на ривалство меѓу осигурителните компании е зголемен поради глобализацијата и ефективната достапност на ресурсите кои се потребни за одржување на обичните активности. Поради оваа реалност, фирмите го чувствуваат притисокот од работењето на сè поуспешен и умешен начин да реагираат на барањата за рекламирање, нудење нови производи како лидери…..Но многу важен фактор во осигурителиот пазар е човечките ресурси во таа компанија.

Осигурителната организација треба да има мерки кои имаат за цел да ги задржат своите работници но и како да привлечат нови таленти.

Човечките ресурси во осигурителните компании треба да чувствуваат одредена одговорност за успехот на продажниот тим со тоа што треба да ја зголемат ефикасноста на продажбата ,како и на секој оддел во бизнисот.Човечките ресурси во осигурителните компании треба да одиграат важна улога во продажбата,тие се тие кој со подобрување на културата и здравата атмосфера во компанијата ке придонесат висока продуктивност а со тоа и ќе привлечат нови таленти.

-Градењето на доверлив однос со вработените е првиот чекор за создавање на позитивна клима во осигурителната компанија. Кога вработените имаат доверба во организацијата, тие веруваат во нејзините одлуки и визија. Сепак, довербата не е нешто што може да се создаде преку ноќ – за да се стекне е потребно многу време и труд.

Затоа, секогаш негувајте активна комуникација со вработените и координирајте ги вредностите на компанијата.Исто така, од суштинско значење е секогаш да бидете искрени со вработените.

Искрената комуникација и честите разговори можат да бидат алатка да ги пронајдете дупките во еден сектор и доколку е потребно да делувате со мерки(ротација на вработени,повеќе вработени онаму каде што е потребно,бенефити,како и растечка плата.

-Осигурителните компании треба да бидат способни да обезбедат дополнителни обуки, пристап до семинари и можеби програми за надоместување на школарината за да му помогнат на вработениот да остане информиран и актуелен. Тоа значи вработениот да биде во тек со случувањата во индустријата, однесувањето на клиентите, однесувањето на конкурентите и многу повеќе.

Животно осигурување со штедење – начин за сигурна иднина

Финансиската сигурност и штедењето се особено важни за соочување со сите предизвици кои ги носи современиот начин на живот, како и во време на зголемена несигурност поради политички и економски кризи. Инвестирањето во инвестициски фондови носи зголемен ризик бидејќи вредноста на уделите зависи директно од движењето на финансиските пазари и нема никаква гаранција за добивки или загуби. Поради тоа, граѓаните сѐ почесто избираат животно осигурување како начин на штедење, со што обезбедуваат дополнителна заштеда, како и заштита и сигурност за своите најблиски.

Склучувањето на полиса за животно осигурување е долгорочна одлука која претставува финансиска заштита и обезбедување на сите оние кои зависат од осигуреникот, но една од најатрактивните опции на пазарот е животното осигурување со штедење, кое нуди акумулирање на средствата, односно еден вид на заштеда. Имено, освен осигурената сума во случај на смрт, оваа можност нуди и исплата на загарантирана осигурена сума во случај на доживување.

Триглав Осигурување Живот нуди одлична можност за осигурување на животот со штедење и има бројни предности кои овозможуваат финансиска безбедност за најблиските во случај на несакани животни ситуации. Овој производ е комбинација на штедење и осигурување во случај на смрт од болест или несреќа, кој покрај полисата за животно осигурување ја гарантира и сигурноста на вложените пари. По истекување на осигурителниот период, осигуреникот ги добива средствата во износот кој е договорен при склучување на полисата, а истовремено неговиот живот е осигуран, со што неговите најблиски се финансиски заштитени.

Со овој тип на осигурување може да се осигураат сите лица од 14 до 65 години со минимална премија од 15 евра, на период од 5 до 25 години, во зависност од желбите и индивидуалните потреби на клиентите. Покрај основното осигурување, нуди и дополнително покритие од тешки болести и повреди, а опфаќа заштита од 23 тешки болести и повреди. Истовремено, со овој производ се осигурани и децата на осигуреникот на возраст од 3 до 18 години.

Со склучување на полиса, клиентите добиваат можност за бесплатно второ медицинско мислење од високореномирани здравствени установи.

Повеќе информации на:

 02 5102-201

info@triglavzivot.mk

Триглав Осигурување Животза живот со насмевка!

Што е важно пред да купите полиса за осигурување на живот?

Осигурувањето на живот е покритие со кое осигурителот се обврзува, на осигуреникот/корисникот на осигурување, врз основа на платените премии на осигурување, да му ја исплати осигурената сума во случај на смрт, односно доживување.

  • Изберете го видот на осигурување на живот кој најдобро ќе одговара на Вашите потреби и можности;
  • Дефинирајте ја временската рамка на траење на осигурувањето.Времетраењето на полисата за осигурување зависи пред сè од Вашата волја;
  • Бидете сигурни дека со Вашите примања ќе бидете во можност редовно да ја плаќате договорената премија за осигурување во дефинираниот временски период;
  • Информирајте се за ризиците кои се покриени со полисата, како и за исклучоците;
  • Секогаш консултирајте се со овластено лице за условите под кои се нуди осигурувањето и бидете сигурни дека Ви се јасни сите одредбиод условите.

ОД ШТО ЗАВИСИ ВИСИНАТА НА ПРЕМИЈАТА (цената)КАЈ ОСИГУРУВАЊЕТО НА ЖИВОТ?

КОИ ВИДОВИ ОСИГУРУВАЊЕ НА ЖИВОТ НАЈЧЕСТО СЕ СРЕЌАВААТ?

Осигурување на живот во случај на смрт (ризико осигурување) – договорената осигурена сума се исплатува на корисникот на осигурувањето само во случај на смрт на осигуреникот во договореното траење на осигурувањето. Доколку осигуреникот го доживее датумот на кој истекува полисата осигуреникот/корисникот на осигурување нема право на исплата на осигурената сума.
Осигурување на живот во случај на доживување – осигурената сума се исплатува само во случај ако осигуреникот го доживее договорениот датум наведен во полисата за осигурување. Доколку кај осигуреникот настапи смрт за време на траењето на договорот, корисникот на полисата за осигурување нема право на исплата на договорената сума.
Мешовито осигурување на живот претставува комбинација од осигурувањето на живот во случај на смрт и осигурувањето на живот во случај на доживување. Во случај на смрт на осигуреникот за времетраење на осигурувањето, на членовите на неговото семејство/корисниците на осигурување се исплаќа осигурената сума. Во случај на доживување, осигурената сума заедно со делот од добивката се исплаќа на осигуреникот. Ова осигурување е најчесто користено од страна на осигурениците поради комбинацијата на штедење и заштита на семејството на осигуреникот во случај на негова смрт.
Рентно осигурување (осигурување на ануитети) – осигуреникот има право на исплата на одредени периодични исплати (ануитети) во текот на одреден период или доживотно. Ова осигурување може да се користи и како модел за идна исплата на пензии, односно пензиски надоместоци на сите членови во вториот, односно третиот пензиски столб кои се стекнале со тоа право.

ДАЛИ МОЖЕ ДА ЈА ОТКАЖЕТЕ ПОЛИСАТА ЗА ОСИГУРУВАЊЕ НА ЖИВОТ?

Доколку договарачот на осигурувањето од која било причина повеќе не може или не сака да ја плаќа договорената премија, може да изврши откуп или капитализација на полисата.
Доколку ја откажете полисата за осигурување, односно сакате да извршите откуп на полисата, осигурителот ќе Ви ја исплати откупната вредност на полисата, односно дел од претходно уплатените средства, во согласност со табелите за откупни вредности.
Доколку се исполнети условите за капитализација, договарачот на осигурувањето се ослободува од понатамошно плаќање на премијата. Полисата за осигурување и понатаму останува во сила, а осигурената сума се намалува според табелата за капитализирани износи.
Осигурителот има обврска табелата за откупни вредности и табелата за капитализирани износи да му ги предаде на договарачот на осигурувањето при склучувањето на договорот за осигурување на живот.
Доколку донесете одлука да ја откажете полисата, информирајте се за финансиските последици од таа одлука.
Трошокот за предвремено прекинување на полисата е на Ваш товар!

Извор:АСO

НА ДЕНОТ НА ОСИГУРУВАЊЕТО 14 СТУДЕНТИ МАТЕМАТИЧАРИ ОД ПМФ ДОБИЈА СТИПЕНДИИ ОД ОСИГУРИТЕЛНИТЕ КОМПАНИИ

Дополнително, регулаторот на осигурителниот пазар АСО на националниот ден на осигурувањето додели награда на млад истражувач за најдобар научен труд од областа на управување со ризици и осигурување, во вредност од 80.000 денари. Во рамки на настанот се одржаа и панел дискусија со работен наслов „Како растот на осигурувањето да го трансформираме во развој“. Во таа прилика претставници на осигурителната индустрија, АСО, Министерството за финансии и на Стопанската комора дебатира за новиот закон за осигурување, а разменија мислења за  процесот на либерализација на автомобилското осигурување и зелената карта како и за значењето на квалитетниот прием на штети кај осигурувањето живот.

Четиринаесет осигурителни компании, денеска, по повод Денот на осигурувањето 1 ноември, доделија 14 стипендии на студенти – математичари на државниот Природно-математички факултет при УКИМ во Скопје. Станува збор за студенти со висок просек на насоките за актуарство и математика при Природно-математичкиот факултет (ПМФ) кои ќе добијат можност за пракса во компаниите за осигурување, но и стипендија од 1.000 евра во денарска противвредност.

Иницијативата за стипендирање млади математичари од ПМФ е на Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО). Целта е промоција, подигање на свесноста и афирмација во јавноста на актуарската професија која е дејност од суштинско значење во осигурувањето, а воедно и високо ценета и добро платена.

Студентите на математичките катедри на ПМФ се потенцијални актуари кои по завршување на соодветна обука што ја организира АСО можат да станат овластени актуари. И на тој начин да добијат вработување во осигурителни компании, друштва за управување со пензиски фондови, банки и други финансиски институции.

Иницијативата на АСО за стипендирање на студенти годинава ја поддржаа 14 од вкупни 16 осигурителни компании и тие се: Триглав осигурување живот, Кроација осигурување – неживот, Еуролинк, Триглав осигурување неживот, Граве неживот, Уника Лајф, Граве живот, Халк Осигурување, Уника, Евроинс, Сава Осигурување, Кроација осигурување – живот, Винер Лајф и Македонија осигурување ВИГ.

Ова е втора година по ред осигурителната индустрија да доделува стипендии по повод денот на осигурувањето, а лани беа доделени 11 стипендии на студенти на Економскиот факултет при УКИМ.

Настанот го отвори Крсте Шајноски, претседател на Советот на експерти н аАСО и во своето обраќање истакна:

-За сите нас заедно е важно тоа што ова е убава приказна со изразите филантропска компонента. Придонесуваме за заедницата, се грижиме едни за други, покажуваме емпатија. Придонесуваме младите, перспективни и квалитетни кадри, да одлучат да останат во земјава, тука да се реализираат професионално, да основаат семејства и да придонесуваат во развојот на нашето општество. Веруваме, а посветено работиме заедно со членовите на Советот на експерти на АСО и  со сите вас од индустријата, на тоа да создаваме општествено корисни практики. Тие се алатки со кои во перцепцијата на домашната јавност осигурувањето ќе се позиционира како општествено одговорна дејност. И тоа, сериозно, значајно придонесува за градењето на довербата и тоа како е потребна за квалитетен раст на овој бизнис.

Димитар Ковачевски, претседателот на Владата, во своето обраќање по повод денот на осигурувањето истакна:

-Сметам дека е навистина од големо значење тоа што денеска зборуваме за тоа како растот на осигурувањето да го трансформираме во долгорочен развој бидејќи само така ќе ги промовираме потенцијалите на оваа област, но и ќе ги презентираме можностите пред овие млади луѓе. Токму тие и нивната неисцрпна енергија се носителите на нашиот развој и носителите на нашата иднина.

Обраќајќи се пред присутните Ралица Губерова, претставник на осигурителниот бизнис и претседател на групацијата за осигурување при Стопанската комора истакна:
-Единствено преку заеднички активности на сите учесници на пазарот на осигурување, со поддршка и координација од страна на регулаторот Агенцијата за супервизија на осигурување, заедно можеме да влијаеме за зголемување на бројот на осигуреници, зголемување на стапката на пенетрација на осигурувањето, за крајно да обезбедиме развој на целокупниот пазар на осигурување. Ова секако ќе ја подигне важноста и значењето на осигурувањето, ќе имаме се повеќе задоволни осигуреници, а друштвата за осигурување ќе станат поатрактивно место за работа на квалитетен кадар кој ќе биде мотовиран да го вложи своето време и труд во развој на овој значаен сектор за економијата и општеството во целина.“

Во име на студентите-стипендисти се заблагодари Даворин Трпевски, декан на ПМФ.

Во склоп на одбележувањето на денот на осигурување се одржа и панел дискусија под работен наслов „Како растот на осигурувањето да го трансформираме во развој“. На панелот уечствуваа Шајноски, претставник на регулаторот АСО, Бранко Азески, претседател на „Стопанската комора“, Филип Николоски, заменик министер за финансии, а претставници на осигурителните друштва беа: Христина Џамбазовска Анастасов, директор на „Триглав живот“ и Климе Попоски, директор на „Винер неживот“. Наважна тема за панелот беше донесувањето на новиот Закон за осигурување кој треба да ја приближи осигурителната индустрија кон европските стандарди и работа по правила содржани во ЕУ директивите кои ја регулираат оваа област.

На панел дискусијата се разговараше и за секогаш актуелниот реформски процес за либерализација на задолжителното осигурување од автомобилска одговорност и зелената карта. А беа опфатени и значајни теми од областа на осигурувањето живот, дејност која иако помала од неживотното осигурување во континуитет има поголем раст на вложувањата. На оваа тема особен акцент беше ставен на квалитетниот прием на штети како катализатор за раст и развој на осигурувањето живот.

Во рамки на настанот беше презентиран и наградениот научно-истражувачки труд од областа на управување со ризици и осигурување за кој АСО, традиционално низ годините, доделува награда. Автор на наградениот труд, годинава, е Антонио Крстаноски студент насоката за осигурување на факултетот во Охрид, кој е дел од универзитот „Свети Климент Охридски“ од Битола (УКЛО) Економскиот факултет при УКИМ во Скопје. На настанот Шајноски на Крстаноски му додели плакета, а од АСО беше доделена и парична награда од 80.000 денари.

1 ноември е национален ден на осигурувањето, а воедно е и денот на кој, пред 14 години почнала со работа Агенцијата за супервизија на осигурувањето. АСО е независно регулаторно тело кое го регулира пазарот за осигурување, врши надзор над работата на осигурителните субјекти, се грижи за заштита на правата на осигурениците и придонесува за финансиска едукација и вклученост на населението.